Гешталт психотерапија

Печати PDF

ges1Гешталт психотерапијата е хуманистичка, холистичка, феноменолошка- егзистенцијалистичка, дијалошко процесно ориентирана терапија со зачеток во 40 тите години на 20 век од страна на Фриц Перлс. На гешталт психотерапијата значајно влијание имале психоанализата, гешталт психологијата, феноменолошка и егзистенционалистичката филозофија, организмичката теорија, теоријата на полето, Буберовата филозофија и биоенергетиката и филозофијата на истокот . Од сето ова видлива е еклектиката на гешталт психотерапијата во пристапот кон човекот. Гешталт е германски збор кој значи облик, образец, форма, конфигурација. ГТ човекот го гледа како интегрирана целина која има потенцијал за развој  и може да се свати како функција на делови од кој е составена. Јасно е влијанието на концептот целовитост и холистички пристап во чија основа се наведува дека целината е многу повеќе од самиот збир на поедини делови и дека се сите делови во мусебен односи се зависни еден од друг. Исто така Гешталт психологијата се темели на поставка да живите битија перцепираат некој облик како целина и дека ги организираат своите перцепции во смислена целина. Точноста на перцепрцијата се темели на вродената способност и моменталното искуство во овде и сега и токму затоа во ГТ се   верува во способност на освестување и увид а не во интерпретација.

Теоријата на полето истакнува дека  човекот егзистира единствено во контексот на околината со која е во реципрочна врска. Однесувањето се посматра низ динамично меѓусебно делување на силите во еден дел на полето и во остатокот на тоа поле. Полето преставува : сите карактеристики на поединецот или групата и сите други значајни особи, група или својство на околината. Полето е всушност целина во кој сите делови се во меѓусебен однос.. Нагласокот се става на процесот внатре во полето, повеќе одколку на неговата статична структура. Значи во ГТ човекот се гледа како целовито битие, од когнитивен, емоционален и телесен дел а исто толку е важна и неговата еколошка целовитост со околината .

Фенеменолошката перспектива ја истакнува важноста на проучувањето на свесноста во нејзиното субјективно значење структура и функција. Целите на гешталт феноменолошката анализа се свесноста, процесот на освестување, терапијска работа „ овде и сега” и експериментирањето низ што личноста доаѓа до увид, промена и развој. Тука се воочува влијанието на источната филозофија чија посебност е во нагласувањето на живеењето во моментот „овде и сега”. Егзистенцијалистичката  филозофија се занимава со проучување на човечката егзистенција, слобода, однос со други. Таа нема тенденција да ги интерпретира работите туку да ги зема онакви какви што се, автентично, почитувајќи ги субјективните разлики а секој е одговорен за за своите избори и однесување. Човекот е постојано во процес на самоостварување и тој е тоа што тој сам го прави од самиот себе и тоа со своето секојдневно делување. Според тоа човекот е свесно и одговорно битие.

Влијанието на М. Буберовата филозофија на дијалогот во ГТ е преку неговиот концепт ЈАС-ТИ однос. Една особа има смисла единствено во релација со друга особа во јас –ти хоризонталниот дијалог како форма на процесот на контактот. Всушност односот и контактот терапевт и клиент кој во себе обединуваат автентичност и одговорност се едни од важните аспекти на ГТ. Според  ГТ свите односи произлегуваат од контактот и на контактот се гледа како основа кон промена и развој. Целта на терапијата е  автентичност на личноста и одговорност така да личноста во текот на терапијскиот процес станува свесна и ја бира сопствената егзистенција .ges4

Хуманистичкиот аспект на ГТ , како и поставката на организмичката теорија се гледа во фокусирање на тенденцијата на човекот кон самоактуализација, односно тежнение кон раст и развој.

Контакт во ГТ се дефинира како однос помеѓу себе и другото( околина, отуѓени аспекти како делови од себе, блокирани емоции, мисли, сеќавања односно се што не е интегрирано во личноста , што не се доживува како јас туку како друго . Контактот се гледа како свесност,  однесување  спрема, асимилација и отфрлање на неасимилирани новитети.  Модалитети на контактот се допир,слух, мирис, вкус, вид говор и покрет. Тие просеци ја преставуваат функцијата на контактот. Контактот е всушност  основата на промената и растот на особата.

ges5Со контактот и свесноста е средишен поим во ГТ. Свесноста е облик на искуства во кој особата е во контакт со својата егзистенција односно со она што она е. Свесноста се случува сега и овде, во моментот а во себе вклучува контакт, примање на осети, возбудување и формирање на гешталт. Тоа е процес на контакт со најважните случувања во полето на организмот во околинатаниз сензомоторна, емоционална, когнитивна и енергетска подршка во одреден момент. Перлс (1966) ја наведува формулата : „сега=искуство=свесност=реалитет” и истакнува дека единствена свесност е сега и овде без обзир дали се работи за минато или иднина. Свесен контакт прави нови смислени целини и како таков во себе вклучува интегрирање на проблемот.

Увидот е облик на свесност и претставува моментално зафаќање на јасна целина од различни елементи  во полето.

Особа која е свесна знае што прави, како го прави тоа, знае дека има алтернатива и знае дека сама избира да биде таква каква е. Според ГТ секоја особа е одговорна за своите реакции и однесување.

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА