Едукативна програма за Психодијагностка и психодијагностички методи и техники

Печати PDF

Оваа едукативна програма наменета е за дипломирани психолози, студенти на Психологија кои се во последната година од високото образование, психолози кои се вработени во јавни и приватни здравствени установи , психолози кои сакаат да работат психотерапија а кои немале или имале многу малку пракса од клиничка психологија и психодијагностика и сите заинтересирани дипломирани психолози, психолози специјализанти и специјалисти по медицинска психологија кои се заинтересирани за професионален раст и развој и усовршување на своето знаења од клиничката психологија и психодијагностиката.

Психодијагностиката е дел од клиничката психологија и е најстарата практична активност. Многу децении психодијагностика била главна и единствена задача на клиничката психологија. Психодијагностика како назив е понеадекватен од називот психолошка дијагностика но сепак останува називот психодијагностика како општа ознака. Психодијагностиката служи да се подобри диференцијално дијагностичката ефикасност во психијатријата и клиничката психологија.

Програмата е во траење од 200 часа. Во текот на едукацијата едукантите ќе се обучат за примена на тестовниот материјал на млади и возрасни клиенти и интерпретација на добиените резултати. Во текот на едукацијата едукантите ќе се стекнат со знаење и искуство за проценка на интелектуалните капацитети, психодијагностика за органицитет, проценка на карактеристиките на личноста, процена на евентуална психопатологија како и ке се стекнат со знаење и искуство за пишување на Наод и мислење на психологот за одреден клиент.

Во текот на едукацијата секој едукант ќе биде задолжен со изработка на 7 клинички досиеа. Сите обработени клинички досиеа , од сите едуканти ќе бидат супервизирани и интервизирани на едукативните работилници. Самостојната изработка на клиничките досиеа , супервизијата и интервизијата на истите ќе овозможи наученото знаење практично да се примени и потврди.

Едукантите ќе добијат материјал за теоретскиот дел и материјал за квантитативна и квалитативна анализа и интерпретација на тестовните резултати.

После поминатата едукација секој едукант ќе добие сертификат издаден од Институтот за брак семејство и системска пракса, со поминати број на часови на едукација со кој се потврдува дека едукантите се стекнале со знаење и искуство за примена на следните психодијагностичките методи и техники : Дијагностичко интервју , ЊБ скала на интелигенција, ВИТИМ , Равенови прогресивни матрици , ЊБ-скала на памтење ,ТВП, Бендер гешталт тест, ММПИ, Лишеров колор тест, ПИЕ, ЖС , ТНР Маховер, ХТП како и да пишуваат наод и мислење за одреден клиент врз основа на анализа и интерпретација на тестовните резултатати.

Водител на едукацијата е Натка Пачоска, специјалист по медицинска психологија од 1995 година. Од 1987 до август 2010 година била вработена во психијатриската болница Скопје Скопје каде се стекнува со непроценливо практично искуство во психодијагностиката , советувањето и психотерапија на лица со ментални растројства и нивни семејства и лица со проблем зависност од дроги и нивни семејства. Од 01.09.2010 година е вработена во Институтот за брак семејство и системска пракса и ја води едукативната програмата за клиничка психологија и психодијагностика .

Програмата ги опфаќа следните теми:

  • ВОВЕДНАЕДУКАЦИЈА
  • ДИЈАГНОСТИЧКОИНТЕРВЈУ 
  • ПСИХОДИЈАГНОСТИЧКАПРОЦЕНАНАИНТЕЛИГЕНЦИЈАТА 
  • ЗАПСИХОДИЈАГНОСТИКАНАОРГАНИЦИТЕТОТ 
  • ПСИХОДИЈАГНОСТИЧКАПРОЦЕНАНАЛИЧНОСТА
  • НАОДИМИСЛЕЊЕНАПСИХОЛОГОТ 
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА