Едукативна програма за Роршах проективна психодијагностичка метода

Печати PDF

Едукацијата за примена на Роршах проективната техника и анализа на добиените протоколи се организира во рамки на 200 часа поделени на два нивоа .

Во првото ниво кое се спроведува низ 100 часа се опфаќа : теоретски дел, практичен дел од задавање на тестот до квантитативна и квалитативна анализа , структурирање на заклучок од добиената анализа и интерпретација и инкорпорирање на заклучокот од интерпретацијата на Роршах преоктивната техника во психолошкиот наод за даден клиент. Во ова ниво ќе биде спроведена индивидуална практична работа за секој едукант преку изработка на свои клинички досие за одредени клиенти и заедничка анализа и супервизиа на досиата со сите едуканти . Едукантите добиваат материјал за теоретскиот дел и материјал за квантитативна анализа на протоколите .

Во текот на практичната работа обврска на секој едукант е: да го зададе тестот , да го искуси тестот на себе, да се анализираат сите тие протоколи , активно да учествува при анализата на сите протоколи зададени од едукаторот и да изработи сам едно клиничко досие кој ќе биде предмет на супервизиска анализа.

Второто ниво кое се спроведува низ 100 часа опфаќа : теоретски дел за одредени психопатолошки ентитети и специфики за роршаховите протоколи за тие психопатолошки ентитети.. Едукантите добиваат материјал за теоретскиот дел и материјал за квантитативна анализа на протоколите . Второто ниво е супервизиско и токму поради тоа секој едукант треба да изработи пет клинички досиеа , со посебен акцент на анализа на Роршах протоколите кој ќе се предмет на супервизијска работа.

После поминатата едукација од секое ниво секој едукант ќе добие сертификат издаден од Институтот за брак семејство и системска пракса, со поминати број на часови на едукација и со кој се потврдува дека едукантите се оспособени за примена на Роршах проективната метода .

Водител на едукацијата е Натка Пачоска, специјалист по медицинска психологија , завршила едукација од 200 часа за теоретска и практична примена на Роршах проективната психодијагностичка метода кај Проф др Стојан Чмелич во 1989 година , под покровителство на Сојузот на друштвото на психолози на СР Македонија а во ореганизација на Болница за нервни и душевни болести Бардовци” – Скопје (сегашна Психијатриска болница Скопје-Скопје).

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА