Што содржи едукацијата?Програма.

Печати PDF

Едукативниот процес содржи:

Теоретски излагања: разработка на теоретските теми во врска со семејната и системска теорија и пракса; одделните концепти, школи, стратегии, пристапи и правци во семејната и системска психотерапија, техники и интервенции, прикази од литература и дискусија.

Практична работа: прикази на одделни случаи, практични вежби, играње на улоги (ролл 

плаѕ), симулирани семејства, вежбање терапевтски техники (феедбацк), размена на искуства и вештини стекнати во едукативниот процес (скилл схаринг), видео/ДВД презентации, индивидуална и групна супервизија во живо и на снимени материјали.

Работа на себе: се изведува низ индивидуална или групна работа со фокус на рефлексивноста и само-рефлексивноста; работа на сопствениот генограм, сопствените ставови, верувања и трансгеберациски поради, практични вежби во групен контекст и др.

Супервизија: индивидуална и групна, интервизија и др.

 

ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМА ОД

СЕМЕЈНА И СИСТЕМСКА ПСИХОТЕРАПИЈА

 

 

Едукацијата од семејна и системска психотерапија подразбира запознавање, совладување и прифаќање на системскиот начин на мислење и негова примена во разбирањете и разрешувањето на проблемите на живеењето на поединецот, парот, семејството и други хумани системи во општеството.

 

Едукацијата од семејна и системска психотерапија цели кон:

  • Проширување на репертоарот на професионални знаења и вештини

  • Зголемување на личното и професионално искуство

  • Зголемување на професионалните способности и компетентност

  • Подобрување на личното и семејното функционирање

  • Стекнување на искуства за тимска и групна работа

 

Едукативната програма од семејна и системска психотерапија при Институтот АЛТЕРНАТИВА е во согласност со тренинг стандардите на Комората на тренинг институти при Европската асоцијација за семејна психотерапија (EFTA-TIC) и Европската асоцијација за психотерапија (EAP), и нуди можности за стекнување со национален и во иднина интернационален сертификат за психотерапија (ECP).

 

Процесот на стекнување нови знаења и вештини од областа на семејната и системска психотерапија се одвива во форма на четиригодишна едукативна програма,во тек на која едукантите усвојуваат теоретски знаења, учат, вежбаат и стекнуваат нови професионални вештини и техники, ги подобруваат личните искуства и работат под супервизија. Програмата е прилагодена на актуелниот контекст и се покажа ефикасна и полезна во однос на потребите и задачите на различните професионалци, како и на широкото поле на делување на релевантните невладини и владини организации и институции.

 

EAP и EFTA-TIC воспоставиле критериуми за психотерапија, кои се сметаат за соодветни за различните земји во Европа. Во однос на семејната и системска психотерапија, овие критериуми/стандарди треба да го задоволат следниот минимум:

 

Времетраење на едукацијата и неопходен број часови

Едукацијата трае четири (4) години и ги содржи следните компоненти:

  • Теоретско и практично учење,

  • Личен раст и развој на вештини,

  • Клинички тренинг/клиничко искуство низ лична и групна супервизија

  • Етички теми

  • Истражувања на полето на семејната и системска психотерапија

Вкупниот број на тренинг часови е 1500 распоредени како следи:

  • 500 часа теорија и/или методологија, вклучувајќи психопатологија;

  • 600 часа клиничко искуство со клиенти (индивидуи, парови, родители и/или семејства) под редовна супервизија

  • 250 часа лично психотерапевтско искуство, во индивидуален и/или групен сетинг

  • 150 часа супервизија на ефективна клиничка пракса

Динамика на едукативниот процес:

 

Едукативниот процес се реализира низ најчесто дводневни, викенд, работилници, еднаш месечно.

Секоја едукативна година содржи десет (10) работилници од по 16 тренинг часови (8 часа дневно).

На крајот од годишните едукативни циклуси се оддржува 11-та, испитна работилница.

 

Дополнителна едукација од клиничка психологија и психопатологија

 

Се организира пред третата едукативна година и е наменета за едукантите кои во текот на високото образование не стекнале знаења од клиничката психологија и психопатологија, а по завршена втора година се заинтересирани да ја продолжат едукацијата од семејна и системска психотерапија. По завршената едукација следи испит за проверка на знаењата.

 

Тренинг методи:

 

  • Торетски презентации: подготовка и разработка на теми поврзани со системската теорија и пракса, одделните концепти, школи, стратегии, пристапи и правци во семејната и системска психотерапија; презентации, видео материјали, приказ од литература и дискусии.

  • Практична работа : вежби, прикази на случаи, играње на улоги (roll play) на симулирани семејства, вежбање на терапевтски техники и интервенции со групен фидбек, размена на искуства и вештини, клиничка работа под супервизија (видео и/или во живо) во индивидуален и групен сетинг.

  • Работа на себе: се изведува низ индивидуална или групна работа, работа на сопствените семејства по потекло (користејќи генограми и/или директна работа), работа во дијади и мали групи, вежби во групен контекст, супервизија итн, со цел да се зголеми саморефлексивноста и самосвесноста како професионален семеен и системски психотерапевт.

 

Кандидати за едуканти:

 

Едукативната програма можат да ја следат професионални лица со универзитетска диплома од следните области:

  • Медицински факултет: специјалисти или специјализанти по психијатрија, доктори по општа медицина, специјализанти од други области во медицината, стоматолози, дипломирани медицински сестри со ВСС, итн.

  • Филозофски факултет: психолози, специјализанти и специјалисти по медицинска психологија, социјални работници, специјализанти или специјалисти по социјална работа во здравство, социолози, педагози, дефектолози, наставници, итн.

  • Факултет за политички науки: новинари, политиколози (прва едукативна година)

  • Правен факултет (прва едукативна година)

  • Факултет за веронаука или други хуманистички насоки: (прва едукативна година)

 

Кандидатите треба да приложат кратка биографија, универзитетска диплома и мотивационо писмо. Индивидуално интервју претстои со секој кандидат и има димензија на проценка.

Оптималниот број на едуканти е 12-16 члена во групата.

Со цел да се воспостави континуитет во работата групата е од затворен тип.

 

 

 

Сертификат :

 

По завршување на секоја година од едукативната програмата и положен испит се издава серификат. По завршување на втората едукативна година и положен испит, едукантите добиваат сертификат со кој се потврдува дека владеат со знаење и вештини на

 

СЕМЕЕН И СИСТЕМСКИ СОВЕТНИК.

 

По завршување на четиригодишната едукативна програма; комплетирање на 1.500 часа според истата и успешен завршен испит, едукантите се стекнуваат со сертификат со кој се потврдува дека владеат со знаења и вештини на

 

СЕМЕЕН И СИСТЕМСКИ ПСИХОТЕРАПЕВТ.

 

 

ОРГАНИЗАТОР и ВОДИТЕЛ на едукативната програмата:

 

Прим Д-р СЛАВИЦА ГАЈДАЅИС-КНЕЖЕВИЌ

 

 

СЕНИОР ТРЕНЕРИ/ЕДУКАТОРИ:

 

  1. Прим Д-р Славица Гајдаѕис-Кнежевиќ, психијатар, семеен и системски психотерапевт, ECP

  2. Проф Д-р Марија Ралева, психијатар, семеен и системски психотерапевт

  3. Проф Диана Белевска, PhD, клинички психолог, семеен и системски психотерапевт

  4. Натка Пачоска, клинички психолог, гешталт и семеен и системски психотерапевт, ECP

  5. Станислав Петковски, PhD, клинички психолог, семеен и системски психотерапевт, тренер на трансакциона анализа

 

ПОКАНЕТИ ТРЕНЕРИ/ЕДУКАТОРИ:

 

Соработниците во тренингот се семејни и системски психотерапевти и/или психотерапевти со друга психотераписка ориентација, кои поседуваат национален и/или европски сертификат. Листата на поканети тренери е приложена како посебен документ.

 

СУПЕРВИЗИЈА

 

Индивидуален или групен супервизиски процес е важен дел од едукативниот процес и се одвива под водство на супервизори кои не се вклучени во тренингот на едукантите. Листата на супервизори е приложена како посебен документ.

 

ИНДИВИДУАЛНИ ПСИХОТЕРАПЕВТИ

 

Листата на индивидуални психотерапевти е приложена како посебен документ.

 

КОМИСИЈА/БОРД ЗА СЕРТИФИКАЦИЈА – Листата е приложена како засебен документ.

 

ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМА

 

 

ПРВА ГОДИНА

 

 

Основни ЦЕЛИ на едукацијата во првата година:

 

  • Запознавање и овладување со базичните теоретски концепти на системската теорија и нивна примена во семејната психотерапија

  • Согледување на системскиот концепт на семејната дисфункционалност

  • Идентификување на различните форми на обрасци на семејна дисфункционалност во системскиот контекст

  • Запознавање со специфичните техники на интервенција, во релација со базичните системски пристапи и школи

  • Стекнување и развивање на практични вештини на едукантот за советување и нивна примена во тек на системските интервенции (анализа на протоколи и студии на случаи)

  • Запознавање со моделите на тимска и котерапевтска работа

 

Теми:

 

  1. Историски развиток на семејната и системска психотерапија;

Општата теорија на системи (базични концепти)

  1. Функционални / Дисфункционални семејни процеси; Базични концепти на системскиот пристап и специфични терапевтски интервенции во семејната и системска психотерапија

  2. Животни циклуси (индивидуални, семејни и брачни)

  3. Генограм

  4. Прво интервју и практичните аспективо третманот на клиентите: организација, структура, процес, итн.

  5. Трансгенерациски семеен пристап (М. Bowen и C. Whitaker)

  6. Структурален семеен пристап

  7. Стратешки семеен пристап

  8. Системска семејна психотерапија - Миланска школа

  9. Постмодернизам; Ко-конструктивизам и Социјален конструкционизам во семејната и системска психотерапија

 

Едукантите во првата едукативна година се обврзани:

 

  • Да присуствуваат редовно и активно да учествуваат на работилниците

  • Да подготвуваат и презентираат случаи

  • Да презентираат одбрани поглавија од стручната литература

  • Да достават пишан испитен материјал до едукаторите, најдоцна една недела пред испитот (лично или преку електронска пошта)

  • Да полагаат завршен испит

Испитна работилница

 

Едуканти кои присуствувале на најмалку 9 од 10 работилници, поканети се да го полагаат испитот. Испитот е организиран во форма на групна-интерактивна-работилоница (11-та во годишниот циклус).

 

Испитот е составен од:

  • Писмен дел:

1. Презентација на 1 (еден) случај (индивидуа, пар, родители, семејство) од системска перспектива: вклучувајќи генограм, системска дефиниција на симптом (реален или очекуван), системска хипотеза и план за терапевтски пристап;

2. Есеј на тема избрана од теоријата презентирана во првата година (пристапи, концепти, техники) со лична саморефлексија кон темата;

  1. Превод на поглавие од избрана стручна литература

  • Усмен дел: Разговор со кандидатот за неговата писмена работа и елаборација на едно прашање од теоријата, низ групен процес.

 

Очекувани резултати од првата едукативна година:

 

Со завршување на првата година, т.е. базичниот-воведен курс, се очекува едукантите да владеат со основни познавања на системската теорија и системското разбирање неопходни на семејното функционирање, да бидат запознаени со техниките и вештините неопходни за супортивна работа со клиентите (индивидуи, пар, семејство) да развијат способност да го разберат семејството на системски начин и да покажат познавање на основните интервенции во системската советодавната пракса.

 

По завршување на првата година и положениот испит, едукантите добиваат СЕРТИФИКАТ кој потврдува дека ја завршиле базичната/воведна година од едукацијата за семејна и системска психотерапија.

 

 

 

 

ВТОРА ГОДИНА

 

 

 

Основни ЦЕЛИ во втората едукативна година:

 

  • Стекнување на теоретски знаења за посебните модалитети на семејното функционирање и основните техники на системски интервенции во системската советодавна пракса

  • Стекнување и развивање на вештини и техники за системски интервенции преку студии на случаи (индивидуи, родители, парови, семејства) и анализа на протоколи подготвени низ системски пристап

  • Личен развој низ индивидуална/групна супервизија

  • Разбирање на важноста на саморефлексивноста и континуираното поттикнување на свесноста за процесот и содржината на учењето

  • Развивање на способности за идентификување на сопствените сили и вештини, како и слабости, и способности за критичка и конструктивна евалуација на терапевтскиот процес и работа.

 

Едукацијата во втора година е структуриран во форма на семинарски работилници, посветени на совладување на одредени тематски подрачја и на работа со семејните системи (индивидуи, парови и/или семејства), во форма на играње на улоги, „во живо“, видео прикази, а придружено со супервизија.

 

Теми

 

  1. Терапевсткиот процес во семејната и системска психотерапија (проценка на семејството за семејна терапија, формулирање на терапевтскиот фокус, план и процес). Предрасуди, стереотипи и верувања во терапевтскиот процес

Употреба на метафорите во семејната и системска психотерапија

  1. Теоријата на врзување (attachment) и нејзината примена во праксата;

Посвојување (адопција) и семејниот систем

  1. Брак/пар, брачна/партнерска криза и брачна/партнерска психотерапија

  2. Сепарација, развод, постапка на медијација при развод, работа со семејства во сепарација и развод, “мешани” семејства

  3. Загуби во семејството, системско разбирање и интервенирање во семејниот систем

  4. Тајни во семејството, системско разбирање и интервенирање во семејниот систем

  5. Семејство и болест (соматска или ментална) и хендикеп; системско разбирање и интервенирање во семејниот систем

  6. Семејни системи организирани со насилство, системски интервенции и базични принципи во третманот

  7. Семејство во бегалство, раселени семејства, миграција, мултикултурелни семејни системи

  8. Концепт на резилиентност и резилиентно семејство

 

Забелешка : Темите можат да бидат прилагодени за време на едукативниот процес, согласно интересите и професионалните потреби на членовите на едукативната група.

 

 

 

Обврски на едукантите:

 

  • Да присуствуваат редовно и активно да учествуваат на работилниците

  • Да подготвуваат и презентираат случаи

  • Да презентираат специфични теми од стручната литература

  • Да достават пишан испитен материјал до едукаторите, најдоцна една недела пред испитот (лично или преку електронска пошта)

  • Да полагаат завршен испит

 

Испитна работилница

 

Сите едуканти кои присуствувале на најмалку 9 од 10 работилници, се поканети да го полагаат испитот кој е организиран во форма на групна-интерактивна работилница, 11-та во годишниот едукативен циклус.

 

Испитот е составен од:

  • Писмен дел:

1. Писмен приказ на 2 (два) случаи (индивидуа, пар, родители, семејство) од системска перспектива: вклучувајќи генограм, системска дефиниција на симптомот, системски хипотези и протокол на применети техники и интервенции;

2. Есеј на тема избрана од теоријата презентирана во втората едукативна година со лична саморефлексија кон избраната тема;

  • Превод на поглавие од избрана стручна литература

  • Усмен дел: Усмена презентација на псимените работи на едукантот и разработка на две прашања од теоријата, низ групен процес..

 

Очекувани резултати од втората едукативна година:

Со завршување на втората година од едукацијатат, се очекува едукантите да имаат развиени способности за системско разбирање на клиентите (индивидуа, пар, родители, семејство), како и да владеат со знаења и вештини за примена на основните системски интервенции во системската советодавна практика.

По завршувањето на втората година и положениот испит, едукантот се стекнува со Сертификат – СЕМЕЕН И СИСТЕМСКИ СОВЕТНИК,

кој потврдува дека истиот поседува способности за системска советодавна работа со клиенти ( индивидуи, парови, родители, семејства).

 

 

ОПЦИОНАЛНО!

 

Дополнителна работилница од клиничка психологија и психопатологија се организира пред третата едукативна година, за едукантите се заинтересирани да ја продолжат едукацијата од семејна и системска психотерапија, а кои во тек на нивното базично високо образование не стекнале знаења од клиничката психологија и психопатологија.

 

 

 

 

ТРЕТА ГОДИНА

 

На почетокот на третата едукативна година предходи индивидуално интервју со секој од кандидатите, со карактер на проценка.

Базични ЦЕЛИ :

  1. Разбирање на влијанието на пошироките системи врз животот и функционирањето на хуманите системи (индивидуи, семејни субсистеми и системи)

  2. Стекнување на вештини за критичка употреба на системската теоретска рамка и нејзиното прилагодување на потребите во праксата

  3. Воведување на модели на терапевтска работа за специфични клинички случаи

  4. Поттикнување на супервизиските процеси и на конструктивните и рефлексивни консултации со колегите и дискусија за терапевтскиот процес.

  5. Превземање на активна улога во процесот на личен раст и развој низ идентификување на подр4ачјата на личните резилиенци, снаги и слабости, како и предизвици за идниот професионален развој.

Третата едукативна година е структурирана во форма на семинарски работилници посветени нн совладување на одредени тематски подрчја и стекнување и усовршување на специфични знаења и вештини за изведување на сеопфатна терапевтска работа со клиенти (индивидуи, родители, парови, семејства) следени низ континуирана индивидуална и/или групна супервизија („во живо“ или преку видео снимка). Главна цел е да се поддржи континуираниот прогрес, развој и интегрирање на рефлексивноста и саморефлексивност во терапевтската работа.

 

Теми:

  1. Депресијата, самоубиството и семејниот систем

Системско разбирање и системско семејни интервенции.

  1. Психотични растројства и семејниот сиестем.

Системско разбирање и системско семејни интервенции.

  1. Анксиозност, стрес, невротски растројства и семејниот систем

Системско разбирање и системско семејни интервенции.

  1. Семеен систем и синдромот на зависност од психоактивни супстанци.

Системско разбирање и системко семејни интервенции.

  1. Семеен систем и растројство во однесувањето (деликвенција).

Системско разбирање и системско семејни интервенции.

  1. Семејна и системска психотерапија и интервенции фокусирани на деца.

  2. Психосоматски и нарушување во исхраната и семејниот систем.

Системско разбирање и системско семејни инјтервенции.

  1. Системски пристап кон психосексуалните дисфункции

Системско разбирање и системска пракса при работа со ЛГБТ системи.

  1. Саморефлексивност и користење на “ селф-от” во семејната и системска психотерапија; Етичката и антидискриминаторска пракса во семејната и системска психотерапија.

  2. Културално сензитивна практика и културален генограм

Родно сензитивна семејна и системска психотерапија

Забелешка : Во тек на едукативниот процес темите можат да се прилагодат на потребите и професионални афинитети на едукантите во групата.

Обврски на едукантите во третата година:

  • Да присуствуваат редовно и активно да учествуваат на работилниците

  • Да подготвуваат и презентираат случаи на терапевтска работа со клиенти (индивидуи, родители, парови, семејства) и да бидат супервизирани низ индивидуален или групен процес.

  • Да пишуваат терапевтски дневник за личниот раст и развој и за научените лекции за време на едукативниот процесот и терапевтската работа

  • Да подготват семинарски приказ на специфични теми од стручната литература

  • Да достават пишан испитен материјал до едукаторите, најдоцна една недела пред испитот (лично или преку електронска пошта)

  • Да го полагаат завршниот испит

 

Испитна работилница (11-та во годишниот циклус во трета година)

Право да полагаат испит остваруваат едуканти кои присуствувале на најмалку 9 од 10 едукативни работилници и кои во текот на третата едукативна година доставиле најмалку еден видео запис на снимена терапевтска сеанса за групна супервизија или овозможиле групна супервизија на терапевтска работа со клиент (индивидуа, пар, родители, семеен систем) „во живо“.

Испитот се состои од:

  • Писмен дел:

1. Писмена приказ на психотерапевтска работа со два клиента (индивидуа, пар, родители, семејство) со фокус на терапевтскиот процес и користените терапевтски техники и интервенции, рефлексивност и саморефлексивност;

2. Семинарска работа на тема избрана од теоријата презентирана во третата едукативна година, со лична саморефлексија кон темата;

3. Презентација на дневникот на терапевтот, со личниот и професионален раст и развој на терапевтот,

4. Превод на поглавие од стручната литература

  • Практичен дел: Пред испитот, едукантите се обврзани да приложат најмалку една видео снимка од терапевтска сеанса која ќе биде супервизирана за време на групниот процес, или да бидат директно супервизирани додека работат со клиентот (‘’супервизија во живо’’)

  • Усмен дел: Групна дискусија за презентираните случаеви, за применетите теориски пристапи и терапевтски интервенции, со фокус на научените лекции (позитивни и негативни) и на рефлексивните и саморефлексивните процеси. Секој кандидат во групата елаборира две прашања од теоријата.

 

Очекувани резултати:

По завршување на третата едукативна година од едукантите се очекува:

  • Да стекнат широк дијапазон на терапевтски искуства од работата со различните клиенти (индивидуи, родители, парови, семејства) со фокус на терапевтскиот процес

  • Да можат да користат различни терапевтски техники и интервенции и да бидат чувствителни и флексибилни во изборот на истите, соодветно на различните потреби и очекувања на клиентите

  • Да развијат особена чувствителност за влијанието на пошироките системи врз животот на поедеинецот и семејството и успешно да ја вклучуваат оваа перспектива во терапевтската работа

  • Да бидат отворени, високо сензитивни, флексибилни и креативни во нивната терапевтска работа со клиенти од различни култури, религии, сексуална oпределба, и тн.

 

По завршувањето на третата година и положениот испит, едукантот добива

СЕРТИФИКАТ кој потврдува дека ја завршил третата едукативна година од семејна и системска психотерапија.

 

ЧЕТВРТА ГОДИНА

 

 

Едукативната програма во четврта година е целосно супервизиска и претставува примена на усвоените знаења и вештини од семејната и системска психотерапија во работата со клиентите, следена низ рефлексивен и саморефлексивен групен супервизиски процес.

 

Едукацијата се реализира низ дводневни супервизиски работилници во тек на кои се одвиваат:

  • Супервизии на терапевтскиот процеси со семејства „во живо“, супервизија на видео материјали на едукантите, супервизија на презентираните случаи, играње на улоги.....

  • Дискусија околу специфични прашања поврзани со релевантни теми од стручната литература („семинари на читање“)

  • Разработка на специфични теми, супервизиски/лични на терапевтот/едукант низ саморефлексивна работа

 

Супервизија во семејната и системска психотерапија

 

Едукантите се обврзани да презентираат неколку случаеви и да снимат најмалку една терапевтска сеанса со клиенти (индивиду, парови, родители и/или семејства) водена согласно семејната и системска психотерапија, а која ќе ја презентираат пред групата и ќе бидат супервизирани. Супервизијата е организирана како групен процес со цел да се набљудува теоретската рамка, интервенциите и позициите кои едукантот ги завзема во терапевтскиот систем, како и да се идентификува процесот на воспоставување на терапевтската релација и личните и професионални искуства, позитивни и негативни, релевантни за психотерапевтската работа со клиентите.

 

Литературни семинари

 

Подразбираат групна дискусија на одредени текстови и теми од литературата, предходно договорени со едукантот, а кои се однесуваат на различни, важни аспекти на работата со клиентите (индивидуи, парови, родители и/или семејства) вклучувајќи ги дневно-актуелните теми во современото семејство и системската психотерапија. Текстовите се анализираат во однос на важните аспекти на читање на литературата, како: позиција на објективност, позиција на субјективноста ( кој како го доживува и шти чувствува во однос на текстот), лични гледишта, проценка, критика, мултипли влијанија, итн.

 

Саморефлексивна работа

 

Се однесува на проценка и идентификување на проблемите во релацијата терапевт-клиент, како и во релацијата супервизор-терапевт-клиент, со актуелните проблем-теми во терапијата и актуелните лични теми:

Што за мене значат границите во терапевтскиот процес?

Што значи за мене „тежок“ процес и/или „тежок“ клиент?

Која е мојата лична теорија на промена?

Кои се моите поддржувачи во теоријата/праксата?

Која е мојата преферирана теоретска рамка?

Која е мојата преферирана слика за мене како терапевт?

Кои се моите ‘’дилеми’’ во семејната и системска психотерапија?

Обврски на едукантите:

 

  • Да присуствуваат редовно и да учествуваат активно во едукативниот процес

  • Да подготват и презентираат видео снимки од психотерапевтски сеанси со клиенти (индивидуи, родители, парови, семејства) и/или да работат со клиентите „во живо“ и да бидат супервизирани (индивидуално и/или групно)

  • Да пишуваат терапевтски дневник за личниот раст и развој и за научените лекции за време на едукативниот процес и психотерапевтската работа, со писмени рефлексии на одредени теми

  • Да изработат приказ и презентација на експлоративно-истражувачка работа во која се следи, истражува одреден концепт/тема/феномен препознаен и согледан низ практичната работа со клиентите

  • Да ги достават испитните пишани материјали накасно една недела пред испитот (лично или преку електронска пошта).

 

ЗАВРШЕН ИСПИТ

 

Завршниот испит е огранизиран за едукантите кои го комплетирале 4 (четири) годишниот едукативен тренинг со целосно реализирани:

 

  • 500 часа теорија и/или методологија, вклучувајќи психопатологија;

  • 250 часа лично психотерапевтско искуство, во индивидуален или групен сетинг

  • 600 часа клиничка пракса со клиенти (индивидуи, парови, родители и/или семејства) под редовна супервизија

  • 150 часа супервизија на ефективна клиничка пракса

 

Пред испитот, едукантите се обврзани да достават 2 (две) видео снимки од психотерапевтски сеанси со клиенти (индивидуи, родители, парови, семејства) кои ќе бидат презентирани пред групата за супервизија.

 

 

ЗАВРШНИОТ ИСПИТ СЕ ИЗВЕДУВА ПРЕД КОМИСИЈАТА / ОДБОРОТ ЗА СЕРТИФИКАЦИЈА, СОГЛАСНО СТАНДАРДИТЕ НА EAP.

 

Во согласност со стандардите на EFTA и на EAP, по 4 (четири) годишна едукација, согласно структурата на едукативната програмата, и 1.500 тренинг часови, како и успешно положениот завршен испит, на кандидатот му се издава СЕРТИФИКАТ, кој потврдува дека тој/таа се стекнал со знаења и вештини на

 

 

СЕМЕЕН И СИСТЕМСКИ ПСИХОТЕРАПЕВТ

 

 

Јули 2009, Скопје


Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА