ПСИХОЛОШКА ПОМОШ

Печати PDF

download_1

ПСИХОЛОШКА ПОМОШ НА ЛИЦА

ЗАБОЛЕНИ ОД КАРЦИНОМ И НИВНИТЕ СЕМЕЈСТВА 

Објавата на карцином е огромен пресврт и шок за заболената личност, при што многу прашања и размислувања се појавуваат, оваа објава влијае врз целиот негов живот, семејните релации, лични и професионални. Дополнително на овие промени, се придружува и лекувањето кое исто така застрашува како и болеста. Болеста е физичка, но таа го погодува и психолошкиот аспект на личноста исто така. Појавувањето на канцерозна болест донесува за заболеното лице како и за неговото опкружување големи психолошки предизвици, емоционални промени, стравови и грижи допирајќи ги аспекти на живеењето: личен, професионален, семеен, и социјален.

 Соработката на професионалците кои се занимаваат со физичкото здравје и оние кои се занимаваат со психолошкото здравје е многу важна за грижата за заболените од карцином и нивните семејства: заболениот првично страда од физичка болест, но болеста го допира целиот негов живот и неговите релации па така и менталниот аспект е засегнат. Токму со поткрепата на овој аспект, заболеното лице ќе може да ја пронајде својата сила и ресурси за да се бори со болеста.

Денеска голем дел од овие заболувања успешно се третираат иако лекувањето може да биде долго и мачно, но сепак сеуште е потребно да се посвети време за сите аспекти за грижата која ја бара болест како канцерот која е сеуште комплексна за третман. Грижата која е потребна е навистина мултидимензионална и бара системско вклучување на: медицинските лица, нутриционистите, физиотерапевтите, психолозите.

Секоја заболен ќе има свој начин на кој ќе реагира соочен со објавата на болеста и третманот: за некои психолошката помош е потребна уште од објавата додека други ќе ја почувствуваат таа потреба подоцна, но оваа помош од професионалец кој ќе биде достапен за нив имајќи ги сите притоа квалификации за да ги придружува во текот на лекувањето и потоа, може да биде од огромно значење.

images_25

Семејствата се притоа многу важни. Кога личноста развива канцер, семејните членови се оние кои го нудат контекстот на ова искуство. Како и да е, семејството е често длабоко погодено од болеста. Често пациентите се плашат дека нивниот умор, нивните моменти на обесхрабреност и тага, иако оправдани, ги погодуваат нивните деца, партнери, родители. Поради тоа, не се осмелуваат да ги изразат, и притоа се чувствуваат прилично осамено.

Затоа е важно за да овој долг период од животот посветен на лекувањето на оваа болест да не биде толку тежок, пациентите и професионалците да имаат можности да ја дефинираат ’’помошта’’ која им е потребна.

Голем дел од интервенциите на психолозите се однесуваат на индивидуалните, семејните и социјалните промени кои ги предизвикува болеста, а кои влијаат и на болните и на семејните членови. Така, целта е да им се пружи поддршка да ги разберат своите и реакциите на своите блиски. Паралелно со овој релациски аспект, психолошката помош се однесува и на интимните, личните тешкотии, како на пример:

- Телесните трансформации ( добивањето на тежина, лузни, итн)

- Секундарните ефекти од лекувањето ( слабост, губиток на плодност, итн)

- Психолошките промени ( како чувството на непрепознавање на себеси, немоќта, несигурноста, беспомошноста...)

- Анксиозноста поради неизвесноста на прогнозата, или поради тежината да се најдат соговорници со кои ќе се споделат внатрешните доживувања

- Впечатокот на неможноста да се комуницира со околината

- Промени во расположението и сонот

- Двоумењата во врска со третманот и лекувањето. 

Психолошката поддршка ќе помогне да се изразат грижите, емоциите, и размислувањата, да се поставуваат прашања и да се размислува за болеста, да се споделуваат своите искуства, учесниците да се поткрепуваат и учат едни од други, да научат како да се справат со стресот и да размислуваат позитивно, да ги пронајдат внатрешните и надворешните ресурси кои ќе ги поддржат. За време на болеста, психолошката помош ќе помогне да се залечат емоционалните болки, при што различни методи ќе бидат користени кои ќе бидат прилагодени на личноста, на неговите потреби но иочекувања.

 

Овој тип на поддршка го нуди Институтот за брак, семејство и системска пракса Алтернатива, преку индивидуални средби и групни работилници. На нив учесниците да ги препознаат своите внатрешни лични и семејни сили со цел полесно и поспремно да чекорат кон закрепнувањето. Поточно, на овие работилници се работи на :

- Справување со стрес, надминување на анксиозност, вентилирање на негативните доживувања, стравовите, промените во расположението

- Развој и поддршка на позитивен начин на мислење  и делување, како и прифаќање на својата здравствена состојба.  

- Стекнување на знаења и вештини за подобра адаптација и постигнување на личен и семеен баланс во секојдневието. Идентификација на внатрешните и надворешни ресурси за поддршка и самопомош 

- Стекнување на вештини за подигнување на расположението,самодовербата и оптимизам. 


Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА