Панични р-р

Печати PDF

Панични напади

 

 

Паничниот напад е една од можните манифестации на анксиозната состојба. Тој се пројавува како многу силно психофизичко доживување и трае неколку минути до половина час. Личноста доживува непријатни физички сензации како тресење, пот, болки во градите, забрзано срцебиење, губење здив или забрзано дишење. Овие физички симптоми доаѓаат неочекувано и се многу интензивни, што придонесува личноста да ги доживее како ’’напад’’. Односно, на емоционално ниво се појавува интензивен страв и доживување на моментална опасност, придружени со мисла дека на личноста ќе и се случи смрт, или дека ’’ќе полуди’’. Како во еден магичен круг, физичките симптоми ќе го потхранат стравот и личноста има доживување дека целосно ја губи контролата над себе, односно има доживување на паника.

Генерално зборувајќи, паничните напади се јавуваат најчесто кај:download

  • Млади лица (18-20 год)

  • Жени

  • Личности со семејна историја на панични напади/панично растројство

  • Личности кои презентираат анксиозна структура на личност

  • Личности кои страдаат од депресија или анксиозно растројство

Паничните напади не се толку страшни како што се чинат, меѓутоа се силно впечатливи за личноста, скоро трауматски. Поради тоа, често личноста развива антиципаторен страв, односно страв од повторување на паничниот напад. Таа започнува полека да се повлекува од социјални или професионални активности, да ги избегнува местата каде што се случиле првите епизоди (банка, супермаркет), да избегнува гужви каде што не може да добие помош или да избега (автобус) и на тој начин таа го намалува квалитетот на својот живот.

Доколку фрекфенцијата на појавување на овие епизоди е честа, можеме да зборуваме за панично растројство.

Причини

Механизмите на анксиозните состојби сеуште се во процес на истражување и откривање, но сепак тие претставуваат една интеракција на повеќе фактори, биолошки, психолошки, генетски. Издвоени се мноштво причинители на паничен напад, и исто така различни сипмтоми кај различни личности. Помеѓу најчесто пронајдените фактори се наоѓаат следниве:

  • Контекст на релациски потешкотии

  • Тага или болест

  • Конзумирање алкохол, или психотропни супстанции

  • Анксиогени ситуации

  • Земање или прекин на одредени лекови

Една од теориите за паничниот напад го нагласува ’’сепарациониот страв’’. Односно, оној страв од можна разделба од родителите кој детето ќе го почувствува во одредени ситуации во детството, ќе остане да живее во возрасната личност. Таа, со оглед на тоа што е веќе возрасна и независна, нема да го препознае овој страв бидејќи не го очекува кај себе. Најчесто, овие личности немаат свој внатрешен столб и најсигурно се чувствуваат во симбиотски релации, со пријател или партнер. Во критични или крупни животни ситуации, личноста ќе ги почувствува само физичките симптоми на ова старо доживување на страв, кои телото ги има запомнето уште од детството. Тие ситуации се најчесто кога таа несвесно ќе препознае ризик да биде оставена или одвоена од блиска личност, на пример, пред стапување во брак, пред да се отселат децата од домот, и сл. Притоа, неможноста на личноста во даден момент да се соочи со одредена своја тешка животна ситуација (губиток на работа), семејна или лична развојна приказна (раѓање на дете), може да ја воведе во анксиозна состојба и да предизвика паничен напад.

Поврзани психопатолошки состојби

Потребно е стручно медицинско лице да утврди дали појавата на паничен напад може да покрене други психолошки состојби, или пак паничниот напад е резултат на истите.

Според одредени студии, примарните психолошки потешкотии поврзани со паничниот напад се следните:

  • Депресија

  • Социјална фобија

  • Генерализирано анксиозно растројство

  • Опсесивно-компулсивни потешкотии

  • Реакција на посттрауматски стрес

Забелешка: Повеќе болести можат да предизвикаат вакви симптоми (на пр. астма) и секогаш е препорачливо да се консултира медицинско лице за добивање на точна дијагноза.

Психотерапија

Со соодветна стручна помош и поддршка, личноста може да ја надмине анксиозноста и да се редуцира фрекфенцијата на паничните напади. Важно е да се јакнат личните сили на личноста и нејзината самодоверба како и емоционална сигурност, односно да се подигнува свесноста на личноста дека може да се справува со сите свои животни ситуации.

 

Превенција

Превенцијата се движи во насока на препораки за балансиран животен стил и навики, правилна исхрана, физичка активност и учење на лични вештини за справување со стрес, техники на контрола на емоциите, и сл. Покрај психотерапија, третманот на паничниот напад може да вклучува и медикаментозна терапија.

Ивана Станковска

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА