Психологија на позитивно мислење

Печати PDF

Во последно време се повеќе се зборува за поврзаноста на начинот на мислење и успешност во функционирањето на личноста. Позитивните мисли се тие кои ја водат личноста во успех, разрешување на долгогодишни дилеми , проблеми, надминување на некои соматски потешкотии, психички проблеми , депресивни состојби, стравови или внатрешни конфликти. Позитивната мисла сама по себе нема да го даде тој резултат ако не постои и верба во тоа што го мислиме . Во човечката природа е да се размислува оптимистично . Така на пример повеќето луѓе за себе размислуваат позитивно, мислат дека ќе живеат долго, дека ќе бидат здрави цел живот дека се подобри , поиздржливи, поцврсти, поодговорни од просечните. Но иако повеќето ја имаме склоноста за позитивно размислување за себе за своето семејство, своите деца и слично сепак немаме сите подеднаква истрајност во позитивното мислење. Најголем број личности при првата препрека, неуспех, болест и слично оптимистичното размислување го заменуваат со песимистично.

  Психологија на позитивното мислење е дел од циклус работилници за личен раст и развој.

Целта на оваа работилница е:

Да научите позитивно да размислувате, да бидете истрајни во позитивно размислување , да ги научите основните техники и принципи на позитивното мислење кое ќе ве водат до успешност, добро функционирање, добро здравје, внатрешна психичка рамнотежа , особено како да го постигнете она што го посакувате практикувајќи го позитивното мислење.

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА