Човекова сексуалност

Печати PDF

  •  images_21Сексуалноста е дел од нас, без разлика дали сме свесни или не за тоа, таа е една од основните биолошки карактаристики на личноста . Дел од нашата природа. Човековата сексуалност игра важна улога во животот на секоја индивидуа, без разлика на возраст, пол, националност, религија. Таа е составен дел на она што сме и она кои сме. 
    Човековата сексуалност  не се сведува само на физички контакт, туку во неа личноста учествува целосно, физички, психолошки и духовно. Луѓето имаат длабока потреба за интимност, создвање близина, споделување, заштита, сигурност, припаѓање, спознавање и љубење. Сексуалноста е во постојан фокус на интерес, љубопитност и анализи на човечкиот род.
     

Генерално човековата сексуалност е како луѓето се доживуваат и како се изразуваат како сексуални битија. Билошкиот аспект на сексуалноста може да опфати сексуален контакт во сите негови облици, како и медицинска грижа за физиошки и психолошки аспекти на сексуалното однесување. Социолошкиот аспект ги опфаќа културните, политичките и правните аспекти, а филозофски тоа може да биде збир на морални, етички, теолошки, духовни или верски аспекти.

Сексуалност е нешто што е повеќе од физички секс, коитален или некоитален, и нешто помалку од сите однесувања насочени на задоволство. Освен извор на големо задоволство и длабока сатисфакција, сексуалноста е извор и на чувство на вина, збунетост, таа може да го загрози здравјето и често се користи да се изрази и агресија. Тоа е и начин на кој се репродуцираме, стануваме родители и го продолжуваме човековиот вид. Поради тоа што сексуалноста често предизвикува позитивни и негативни чувства, таа е често  дефинирана како парадоксален и компликуван конструкт. 

Хуманата сексуалност зависи од 4 взаемно поврзани психосексуални фактори кои влијаат врз растот, развојот и функционирањето на личноста: сексуален идентитет, родов идентитет, сексуална ориентација и сексуално однесување. Иако сексуалната ориентација често e разбрана како индивидуална карактеристика, професионалците се согласни дека е тоа комплексен и мултидимензионален релациски феномен кој освен биолошката детерминираност вклучува бројни психосоцијални, искуствени, трансгенерациски, културолошки, историски и социјални конструкти, вклучително  перцепцијата за полот и родот, приватните мисли и фантазии како и однесувањето; психолошка, емоционална, сексуална, физичка, романтична и духовна склоност и привлечност кон друга особа. Како дел од сексуалниот идентитет сексуалната ориентација се разликува од сексуалното однесување, бидејќи се однесува и на чувството и на концептот на себството и вклучува перцепцијата да се биде машко или женско. Сексуалноста се гради и развива во тек на животот, во однос на биолошката детерминираност, личното искуството, нашето примарно семејство, пријателите, образовниот систем, личните ставовите, усвоените вредности, културата, моралот и знаењето. Таа еволуира заеедно со развојот на нашата личност.  

Сексуалноста и целокупната персоналност се така взаемно поврзани да ако зборуваме за сексуалноста како одделен ентитет е виртуално невозможно. Терминот психосексуален се користи да опише влијание на сексуалитетот врз личниот развој и функционирање. Овој термин се однесува на многу повеќе од само сексуални чувства и однесување и не е синоним на либидото во фројдовска тесна смисла.

images_2На континуумот на хуманата сексуалност, хетеросексуалноста е само една од варијациите, покрај
хомосексуалноста, бисексуалноста, а според некои и 
асексуалноста.

GAY Потрагата по причините за хомо или бисексуалната ореиентација трае долго време и вклучува различни обиди задефинирање на конкретни и што е можно 

појасни фактори, но сите само ја потврдуваат мултифакторијалноста на сексуалната ориентација. Сексуалните активности и романтичната привлечност се категоризираат како хомо или хетеросексуални согласно биолошкиот пол на индивидуите вклучени во истите и кои се во релација едни со други. Сексуалната ориентација е интегрално поврзана со интимната релација на личноста која човечките суштества ја формираат со другите за да ги исполнат своите длабоки чувства на потреба за љубов, приврзеност  и интимност.   Како дополнување на сексуалното однесување овие врски обединуваат и несексуални психички влијанија помеѓу партнерите, заеднички цели, вредности, взаемна поддршка и постојана посветеност.

images_7На глобален план, во најголемиот број култури доминантен дискурс во однос на сексуалната ориентација сеуште е хетеросексуален, со тенденција за примат и исклучивост, занемарувајќи го правото на сексуална ориентација како дел од основните човекови права. Во голем број средини аверзијата кон лицата со хомосексуалнаориентација расте до степен на хомофобија, поради која овие лица се одбегнуваат, етикетираат, стигматизираат, понижуваат, одфрлаат, дискриминираат и се оспорува остварувањето на нивните основни човекови права; поради што е меѓу нив зголемен ризикот од суицид, злоупотреба на супстанци, училишни проблеми и изолација. Младите со хомосексуална ориентација почесто пријавуваат психолошка, физичка и сексуална злоупотреба  од родителите или згрижувачите. Во отсуство на разбирање и поддршка од семејните и други природни системи, лицата со различна сексуална ориентација градат нови системи на поддршка од пријатели, соседи, лица со слична сексуална ориентација.

 

Една од универзалните грижите и обврските на родителите, нрезависно од различните културни и општествени контексти, е задачата  адекватно да ги припремат своите деца за живот како возрасни, зрели личности, вклучувајќи ги и разговорите за сексуалноста. За жал, сексуалноста е во нашата и во бројни други култури сеуште табу тема, за која во семејствата малку или воопшто не се разговара, а кога тоа ќе се случи доминираат нецелосни информации обвиткани со заблуди и предрасуди. Една од битните компоненти кои влијае на човековата сексуалност е и културата. Таа силно влијае не само на родовите улоги, туку и кое однесување ќе се практикува и ке биде социјално поткрепено, што може да варира во раличен културен контекст. Младите луѓе за сексуланоста дознаваат и учат во тек на образовниот процес, но и преку медиумите. Меѓутоа, и тука се информациите често непотполни и недоволно издржани, што создава можност за нецелосна или погрешна информираност и е добра почва за продлабочување на заблудите и предрасудите втемелени од семејството.


Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА