Успешна комуникацијата

Печати PDF

Во секојдневното живеење често сме сведоци на недоразбирања, расправии, конфликти, нарушени односи, токму поради проблемите во комуникацијата. Родителите често зборуваат за проблеми во комуникацијата со своите деца, особено за родители на адолесценти, тоа како да е правило.

Но, многупати тоа го слушаме И од младите кои се жалат на проблеми во комуникацијата со возрасните. Многу често во канцелариите на психотерапевтите за проблеми во комуникацијата доаќаат брачни партнери, поеднинци кои имаат проблем во комуникацијата со своите претпоставени или колеги ит.н.  

Што е тоа комуникација ?

Најголемиот број луѓе на ова прашање одговараат без дилеми: тоа е разговорот што меѓу себе го водиме. Точно, но само делумно! Всушност, комуникација е и многу повеќе од само разговор или усмено изразување. Комуникација е општење, т.е. пренесување и размена на некоја содржина. Во психолошка смисла, под комуникација се подразбира општење помеѓу луѓето, а тоа не подразбира само разговор. Комуникацијата се остварува и преку непосреден допир, преку јазични (вербални) и преку други симболи (гримаси, гестикулации) или преку технички средства, кога нема непосреден контакт. Комуникација е способност мислите и чуствата јасно да ги изразиме и тите другите да ги примат со разбирање.

Говорот, или вербалната способност, како важен дел од комуникацијата, е вештина која ја учиме во контактот со луѓето, а која ја развил само човековиот вид. Тој ни овозможува да ја оствариме вербалната комуникација, со помош на која некои психолошки содржини (чуства, потреби, желби и.тн.) ги изразуваме и соопштваме на другите. Се додека она што се случува во нас, т.н. психичкото доживување, не биде изразено со збор, или со друг симбол (на пр. кај глувонемите) тоа останува нејасно и магловито. Дури откако одредено психолошко доживување ќе биде преточено во збор или реченица, тоа станува јасно и сознајно, како за самата личност, така и за околината со која општи. Тоа го нарекуваме порака и ја упатуваме на луѓето со кои комуницираме.

Како до успешна вербална комуникација: За непречено и успешно одвивање на вербалната комуникација помеѓу луѓето важно е:

  •  Содржината на пораката да биде јасна и разбирлива
  • Да се знае кому е упатена таа порака и
  • Начинот на кој ја упатуваме пораката

Во тек на вербалната (говорна) комуникација луѓето често гестикулираат, прават мимики, ја менуваат бојата на лицето, кршат прсти, се смеат, плачат и.т.н. Тоа се нарекува говор на телото, т.н. телесен говор, или невербална комуникација. Кога е говорната порака во склад со невербалната т.е. кога се зборовите следени со соодветен говор на телото, упатената говорна порака има поголемо значење. Ние често пати не сме ни свесни за нашиот телесен говор т.е. телесна порака што ја праќаме до другите. Кога сме во директен контакт со некого јасно го гледаме неговиот телесен говор и врз основа на него вербалната порака ќе ја окарактеризираме како пријатна или непријатна. Понекогаш дури и пред да започне вербалната комуникација, врз основа на телесната порака ние знаеме дали ќе слушнаме пријатна или непријатна вест. Врз основа на сето тоа, јасно можеме да заклучиме дека: за разлика од вербалната комуникација која има свој почеток и свој крај и за која се луѓето секогаш свесни, за невербалната комуникација понекогаш се, но често и не се свесни. Луѓето помеѓу себе постојано комуницираат, дури и ако не зборуваат! Тоа е благодарение на говорот на телото кој ни овозможува постојана комуникација. Најдобро е кога се ускладени говорот на телото (невербалната комуникација) и содржината од вербалната комуникација. Тогаш пораките се јасни. Во спротивно, при неускладеност на говорот на телото и вербалната комуникација пораките не збунуваат, лутат, ги игнорираме или не вовлекуваат во нејасна или конфликтна ситуација.

Говорот на телото доколку добро се усоврши може да ве доведе до успешна комуникација...

Успешна комуникација

Целта на оваа работилница е:

Низ интерактивен пристап преку разни вежби и техники да стигнете до успешна комуникација која ќе ве доведе до успех на повеќе полиња, на работа дома, со вашите пријатели , со вашите клиенти со вашите претпоставени, со вашите деца, со вашите родители ,со вашиот партнер...

Успешната комуникација ве води во личен успех.

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА