Конфликти и нивно надминување

Печати PDF

Што е тоа конфликт? 

Конфликт е судир, спор, борба, расправија, кавга, нерешителност, страв, недостиг на толеранција.

Конфликтот најчесто настанува поради:

- недоволно разбирање во комуникацијата,

- тоа што иста работа во исто време ја сакаат двајца или повеќе луѓе,

- тоа што нешто што е наше некој го присвојува и го нарекува свое,

- поради тоа што во состојба на различни ставови кон нешто и некого не сме толерантни кон другите со различни ставови од нашите и.т.н.

Конфликтот е природна и неопходна компонента во секојдневниот живот и во односите помеѓу луѓето и за голем број конфликти луѓето ниту размислуваат ниту ги анализираат.

Меѓутоа, кога се споменува зборот конфликт, луѓето најчесто помислуваат на негативна, деструктивна сила. Најчести асоцијации се:

Конфликт помеѓу две земји и разорувачки војни. . .Конфликт помеѓу две банди и крвави сцени и убиства.

Затоа е важно да се знае дека:

И покрај тоа што повеќето конфликти се сметаат за деструктивни, тие можат да бидат и со позитивна сила, создавајќи можности за созревање и учење.  

За сериозно разрешување на конфликтите, секој мора да научи, да води сметка како за своите потреби и интереси така и за потребите и интересите на другиот.

Конфликтот е како оган ,ако не се згасне додека е мал , ќе се направи голем пожар, кој ќе проголта се.

Конфликтите и конфликтните релации се често присутни во семејствата каде има адолесцент , во семејства каде нема почитување за другиот, често и брачните партнери се во конфликт, родителите со децата се во конфликт и слично. Многу често и во работните средини има нарушени меѓучовечки односи кои резултираат со конфликт помеѓу колеги, помеѓу работодавец и вработен и т.н.

Како да се разрешуваат конфликтите!

  •  Обиди се да не ги компликуваш работите повеќе одошто е потребно.
  •  Одвој го битното од небитното и усредсреди се само на битното.
  •  Не се постваувај во позиција да заповедуваш и од другиот да бараш да ги почитува само твоите потреби, без воопшто да ги слушнеш неговите.
  •  Размисли за своите вистински потреби.
  •  Конфликтите можат да покренат кај сите нас негативни емоции: бес , лутина , загрозеност , страв тага и.т.н. За да се одалечиме од емоционалната рекација од конфликтот добро е да се направи мапа на конфликтот.
  • Тргни во потрага по решение.

По секој успешно разрешен кофликт инсистирајте на заеднички договор составен од тоа:

- како решението да се спроведе;

- што се задачите на секој од учесниците;

- која е временската рамка;

- која ќе биде санкцијата ако договорот не се почитува и не се спроведува; а

- во одредени ситуации која ќе биде наградата за спроведување на договореното.

Конфликти и нивно надминување

Целта на оваа работилница е:

Низ интерактивен пристап преку разни вежби и техники да научите како да ги надминувате конфликтите уште пред да се случат или да ги надминувате одкако ќе се случат. Ако сте одговорен во фирмата каде што работите научете како да не дојде до конфликти, како да се подобрат интерперсоналните односи и како вие да станете помалку конфликтуозен.

Како до разрешување на конфликти во семејните релации е многу значајна работа за одржување на здраво функционирање на вашето семејство.

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА