Емоции, емоционални реакции и емоционален развој

Печати PDF

Емоционалност, емотивност , емоционална чувствителност, афективнност преставуваат посебна димензија на човечката егзистенција. За да го разбереме значењето на емоциите за човековата егзистенција доволно е да помислиме како би изгледал животот на човекот без да чуствува. За секој човек да се разбере самиот себе мора да ги разбере своите чувства, емоции.

Што се емоции?

Зборот емоција латински означува движење, покренување, личноста е зафатена со некое покренување. Според Оџфорд Енглисх Дицтионарѕ - Под емоција се подразбира секоја возбуденост или вознемиреност на умот, чувства, страсти , секое возбудено ментална состојба.

Даниел Големан емоцијата ја дефинира како чуство и неговите мисли, психолошка и биолошка состојба како и низ склоности и делувања.

Емоциите се гласот на нашата душа , дел од нас и најблиски се до нашето вистинско битие.

Емоциите ни праќаат порака за тоа како оној најдлабок , вистински дел од нас доживува се што се случува.

При тоа е е многу важно да ги респектираме и позитивните и негативните емоции, бидејќи и двете произлегуваат од нас од тоа како нашето вистинско јас ги доживува работите а исто така и позитивните и негативните емоции ни носат извесна порака, така можат да не предупредат на опасност, да ни дадат порака дека е време за опуштеност и т.н 

Емоциите се неодвоиви од живите битија кои ги чуствуваат во иста онаа мера во кое истото тоа битие е неодвојиво од животната ситуација во која го чуствува даденото чуство. Според тоа поимот емоција има значење на квалитативно лична реакција на битието на животната ситуација. Затоа се смета дека попрецизно е да зборуваме за емоционална реакција наместо за емоција.

Во емоционалната реакција се слива перцепција на одредено случување со перцепцијата со сопствената реакција на тоа случување. Значи самото случување не само што се запазува туку исто така и се чуствува. Тој квалитет на чуствување ја разликува емоционалната реакција од другите реакции на битието.

Освен што емоцијата се лоцира во интереакцијата на битието и светот, јасно е дека емоцијата како посебен квалитет на може да се објасни само со оваа интеракција туку треба да се расветли целиот комплексен механизам како настанува и што следи после емоцијата. Овој комплексен механизам се нарекува модел на кружна емоционална реакција.

Емоции , емоционални реакции и емоционален развој 

Целта на оваа работилница е:

Да ги научите емоциите, комплексниот механизам на емоционалните реакции и како сето тоа влијае врз емоционалниот развој. Оваа работилницаќе допринесае до повисок степен на вашата емоционална писменост која е услов за повисока емоционална интелигенција.

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА