Емоционална интелигенција

Печати PDF

Во одредувањето на поимот емоционална интелигенција се сретнуваме со три димензии или поими и тоа: афект, емоции и расположение.

Под афект се подразбира широк распон на чуства кои лугето ги доживуваат. Всушност афектот е поим кој опфаќа и емоции и расположение. Емоциите представуваат чуства кои се усмерени према некој или нешто, додека расположението представува чуства помалку силно од емоциите како Што е оптимизам , песимизам, меланхолија, потиштеност, анксиозност.

Во последните две децении феноменот емоционална интелигенција даде одговор на многу прашања кој од секогаш многу од нас не интересеираа Како што се:

  1. Зошто ни се чини дека некои луѓе просто како да се надарени да уживаат во животот и како да го живеат во целост?
  2. Зошто најзабележителниот ученик во одделението станува и најуспешен кпога ќе порасне?
  3. Зошто некои луѓе не освојуваат од прв поглед а кон други сме сомничави?
  4. Зошто некој од некоја тешкотија излегуваат со леснотија а други и од помала потонуваат?
  5. Во што е тајната на најдобрите продавачи, најбараните менаџери, најуспешните лидери?
  6. Кој умствен квалитет го одредува успехот?

Темата за емоционална интелигенција ги заинтересира голем броја на луѓе од организациониот менаџмент, луѓето кој ја јакнат својата кариера, родителите кој се грижат за успешниот раст и развој на своите деца, училишните педагошко психолошки служби, личностите кој се интересираат за успешност во својот личен раст и развој и тн.

Термонот емоционална интелигенција први го употребиле психолозите Питер Саловеј од Харвардскиот универзитет и Џон Мајер од универзитетот Њу Хемпшир . Според нив Емоционалната интелигенција е способност да ги посматрамеразбираме и разликуваме своите и туѓи емоции и така да добиеме информации и да ги користиме како основа за своето разнислување и постапки. Суштината на Емоционалната интелигенција е да спознаиме своите и туѓи емоции, да владееме со нив , наместо они да господарат со нас, разумот да триумфира над нагоните и внатрешните импулси.

Од емоционалната интелигенција зависи успешното адаптирање и успешното функционирање на една личност. Саловеј и Мајер сметаат дека во себе содржи интерперсонална и интраперсонална интелигенција и дека се состои од способности кои можат да се сврстат во 5 категории и тоа:

  1. Самосвест 
  2. Управување со своите емоции 
  3. самомотивација 
  4. Односи со другите 
  5. емпатичност и управување со емоциите на другите 

Емоционална интелигенција 

Целта на оваа работилница е:

Да ги научите како да ја покачите вашата емоционална интелигенција а преку неа како да имате поголема успешност на вашето работно место, како да бидете поуспешен родител и како да ги ускладите своите мисли и своите емоции. Сето тоа ќе ви донесе ваше поуспешно функциониорање.

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА