Стрес менаџмент

Печати PDF

Стрес менаџмент (справување со стресот) 

Што е стресот?

images_11

Како природен, физиолошки феномен, стресот е корисен. Тој нè предупредува, нè доведува во состојба на ’’аларм’’, односно тој е во основа на нашиот инстинкт за опстанок, учење, адаптација. На овој начин не само луѓето, туку и животните го доживуваат стресот, со таа разлика што тие умеат добро да го менаџираат. Мачката, на пример, знае совршено добро да се релаксира и тогаш кога е потребно да реагира- да го лови глувчето; таа е смирена и троши онолку енергија колку и е потребно; таа е во состојба на смиреност и внимание.

Кога станува збор за луѓето, опишана улога на стресот доведува до природна мобилизација на нашите ресурси ( ментална и физичка енергија), а која доведува до задоволувачки емоционален одговор за личноста. Спротивна е состојбата на интензивна физиолошка реакција која го исцрпува телото и е придружена со интензивна емоционална реакција која ја намалува ефикасноста и ефективноста, а тоа е состојба на стрес која треба да се менаџира.

Стресот кој е погрешно менаџиран го исцрпува нашето тело и особено го слабее нашиот имун систем, односно нашето психофизичко здравје.

Стресот се појавува тогаш кога човекот како био-психо-социјална единка, не е во можност адекватно да одговори на едновремените надворешни барања и внатрешните потреби, при што преставата за ситуацијата ги надминува индивидуалните капацитети на личноста, на свесно или несвесно ниво. Се јавува чувство на нерамнотежа, напнатост, неопуштеност и токму тогаш зборуваме за присуство на стрес. Реакциите на личноста на стресот се физички и емоционални, и личната особена реакција го одредува индивидуалното ниво на стрес.

Кај луѓето, стресорите ( причинителите на стрес) се бројни. Едноставно кажано, тие претставуваат настани- реални или симболички престави за настаните, а кои се проценети како заканувачки, загрозувачки и тн., и доживеани како тешкотија или предизвик. 

Карактеристики на стресот

Конкретно зборувајќи, природата на стресниот настан може да биде различна. Таа може да биде ненадејна, интензивна, кратка и насилна дразба, како: експлозија, несреќа и сл., или различни/повторувани стимулуси како: звуци, светлост, агресија. Стресен настан можат да бидат негативни, но и позитивни настани: промена на работното место, професионалните очекувања и барања, успесите или падовите во кариерата, пензионирањето, стапувањето во брак, разводот, конфликтот, упехот/неуспехот, надворешните притисоци, физичката состојба/болест и сл....Исто така, и досадата може да биде фактор на стрес, како и интензивната радост. Потребно е да се запомни дека потенцијалните стресори не се вистински стресори се додека не се забележани од личноста како такви.

Стресната реакција е поврзана со поголемо или помало мобилизирање на нашите психобиолошки ресурси, но тесно зависи од: моменталната состојба, историјата на личноста, емоционалната стабилност, возраста, физичката состојба, контекстот, како и од (не)свесната перцепција на оваа ситуација од страна на личноста. При справувањето со стресот значаен фактор се внатрешните ресурси со кои располага личноста (интелектуални способности, афективни карактеристики, како и темпераментот и карактерот) како и надворешните (материјални средства, помош, афективна поддршка...).

Иако е реакцијата на стрес индивидуална, поради фактот дека луѓето живеат во мрежа на односи во своите семејни системи, состојбата со било кој член влијае на останатите и обратно, реакцијата на останатите семејни членови влијае на поединецот во семејството. Оттука, не само индивидуите, туку и семејствата имаат свои начини на одоговор на стресните животни настани и на промените.

Симптоми на стрес

images_2images_14images_1

Физичките симптоми на стресот:

- Главоболка

- Срцебиење

- Притисок во градите

- Вкочанет врат и рамиња

- Забрзано дишење

- Болки во грбот

- Потење, влажни ( ладни) дланки

- Болки во желудникот

- Мачнина, дијареа

- Проблеми со сонот и спиењето

Психолошките симптоми на стресот:  

- Вознемиреност; потешкотии да се опушти и релаксира личноста

- Потешкотии да се најдат зборови или довршат реченици

- Чувство на непријатност

- Депримираност, умор, снижување на самодовербата

- Сомневање во сопствените можности

- Пад на концентрацијата и вниманието

- Преголема загриженост околу помалку битни нешта

- Замислување на загрижувачки, негативни или застрашувачки сцени.

- Лесна иритација за мали, помалку битни нешта

- Фрустрација и нервоза; лесна експлозивност

Сите наведени симптоми не мора да се појават кај една личност. Сепак, колку повеќе од нив се  присутни и колку се подолготрајни, толку е повисоко нивото на стрес. Долготрајното присуство на овие симптоми означува дека личноста достигнува фаза на исцрпување.

СТРАТЕГИИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ


Стресот можеме да го совладаме со тоа што ќе одговориме соодветно на стресорот, т.е.  пред организмот да достигне фаза на исцрпеност.

Совладувањето може да се реализира на неколку начини:

- Соочувајќи се со проблемот и активно делувајќи, со што ја менуваме ситуацијата и околината во која се наоѓаме.

- Доколку не можеме да влијаеме на ситуацијата/проблемот, тогаш се насочуваме кон промена на начинот на кој гледаме на истото, и кон тоа како се чувствуваме. Кога стануваме свесни за тоа како се чувствуваме, тогаш можеме да избереме како ќе реагираме; или, можеме прво да одбереме како ќе реагираме и со тоа да ги промениме доживувањата.

images

     - Со прифаќање на ситуацијата која не можеме да ја измениме: на пр, смрт на драга блиска личност. Притоа, можеме да се насочиме кон барање на социјална поддршка, или ресурси кои можат да ни пружат поддршка.

Важни вештини кои можат да се научат а се од драгоцено значење за соочување со стресот се  следните:

      -Вентилирање на негативните емоции

      -Учење на техники на дишење и релаксација

      -Примена на правилна исхрана и физичка активност

      -Учење на вештини за подобрување на концентрацијата и вниманието

     -Работа на самодовербата и самопочитта (Рефлексија за тоа што имаме во нашиот живот, што цениме,  за што сме благодарни? Што цениме кај себе, кои свои карактеристики, вештини и постигнувања?)

- Учење на позитивно мислење

- Учење на вештини за организација на време, планирање, споделување

- Учење на вештини за решавање на проблеми и донесување одлуки

      Пронаоѓање на својата креативност и нејзино развивање, т.е. оплеменување на секојдневието со активности кои носат задоволство (пишување, цртање, танцување, прошетки).

Овие вештини можат да се научат индивидуално и/или семејно.  Системскиот семеен пристап при менаџирањето на стресот подразбира мобилизирање на семејните ресурси и охрабрување на функционалните семејни обрасци или превенција/блокирање на дисфункционалните кои негативно влијаат на процесот на справување со стресот. Најчесто применуваните системски техники и интервенции вклучуваат: учење на вештини за организација на заедничко време, планирање, споделување, баланс помеѓу индивидуалност и заедништво, зајакнување на семејните капацитети, кратка терапија насочена кон решенија, и сл.


Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА