Слика за себе и развој на самодовербата

Печати PDF

КАКО ДО ПОВИСОКА САМОДОВЕРБА? Како сопствената самодоверба да ни биде на високо ниво?? Особено во време на безработица, ниско вреднување на нашиот труд , ниско вреднување на сето она што сме го постигнале со своето образование, ниско вреднување од страна на општеството на многу млади, возрасни за кои нема работа и покрај солидното образование или остануваат без работа и покрај солидните квалитети кои ги поседуваат на професионален план. Како до нормална самодоверба во оваа инверзија на вредности, како да веруваш во себе кога материјалното е високата вредност кон која најгоелмиот број луѓе целат? Дали новата кола, убавата облека , одмор на многу познати дестинации дава висока самодоверба? Одговорот е Да но се до момент додека не се стави на цена духовното, она што го носиме во себе, цртите на личноста, квалитетите кои ги поседуваме и слично. Колку ми е висока мојата самодоверба?- често е прашање на многу млади и возрасни. Луѓето кои имаат висока или нормална самодоверба се личности кој добро се дефинираат себе си, знаат кој се, за што се способни, кои особини и квалитети ги поседуваат, знаат дека повремено нивната самодоверба ќе падне но не застануваат туку повторно се исправуваат и веруваат во себе. Тие личности точно знаат дека самодовербата се стекнува и расте преку личниот раст и развој. Секој поединец има свој личен раст и развој кој е поткрепен со подршка од родителите, блиските роднини, другари, институциите на образование и слично. Во денешницата сето тоа може да биде многу збунувачки и конфузно за младите и затоа Ви нудиме програма за личен раст и развој во која преку разни техники ќе работите на јакнење на самодовербата.

Слика за себе и развој на самодоверба е дел од циклус работилници за личен раст и развој.

Целта на оваа работилница е:

Да научите да ги вреднувате своите способности, квалитети, да научите да се дефинирате себе она Што сте и она Што сакате да бидите, таму каде што се и таму каде што сакате да одите. Целта на оваа работилница е како при неуспеси, непријатни доживувања опадната воља , да се покренете и повторно да ја зајакнете својата самодоверба.

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА