Родителски радости и грижи

Печати PDF

slika2132

Родителската улога е најблагородната и едновремено најсложената и најодговорната животна улога. Родителствувањето не преполнува со љубов, радост, среќа, задоволство, очекувања, надежи, стремежи и едновремено не преплавува со тешкотии, страв и грижи. Не воздигнува и во следниот момент ни создава недоумици, дилеми, не прави несигурни и непредвидливи. Имаме свои принципи и правила, но тешко ги спроведуваме, ранливи сме и попустливи. Толку сакаме и се обидуваме да бидеме безгрешни, а така често правиме мали и не така мали грешки. Потоа се каеме, несреќни сме и така во круг.  

Состојбата е уште посложена кога како родителски пар взаемно не се разбираме, не се почитуваме, се навредуваме, се разидуваме во своите родителски правила и очекувања и се дисквалификуваме,. Наликуваме на “раштимуван оркестар”, а нашето богатство, нашето дете сакаме да развие добар слух, т.е. да не слуша.  

Има ли излез од овој родителски кошмар?

Дали сум доволно добар родител?

Како да станам успешен родител?

На овие и бројни други прашања заедно до одговори низ нашиот психоедукативен програм:

ФУНЦИОНАЛЕН РОДИТЕЛ 

Психоедукативниот програм е наменет за минати, сегашни и идни родители, за еден или обата родитела.

Потребен е само еден предуслов:

Да сакате да научите нешто повеќе за Вашата улога - РОДИТЕЛ 

Психоедукативната програма се одвива интерактивно, во групи од најмногу 15 учесника, низ циклус од 6 двочасовни работилници:

1. Каде и од кого учев за родителската улога 

2. Како да ги ускладам родителската со партнерска и професионална улога

3. Родителски воспитни стилови: МОЈ, ТВОЈ = НАШ РОДИТЕЛСКИ СТИЛ негде помеѓу наградата и казната

4. Учам да комуницирам за да се разберам со своето дете; Учам да преговарам и да се договарам

5. Јас и моето дете патуваме и се менуваме низ развојните фази

6. Воспоставување и почитување на границите и индивидуалноста

7. Помогнете му на Вашето дете да изгради самопочит и самодоверба; да ги препознава и контролира емоциите

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА