Што се лекува со психотерапијата

Печати PDF

1.3. Што се лекува со психотерапијата 

Психотерапијата е терапија на избор или пратечка терапија, заедно со други видови терапија (на пр. фармакотерапија т.е. терапија со лекови) при појава на следните тешкотии или растројства (р-р):

  • Состојби на страв и анксиозност 

Фобични р-р: агорафобија, мизофобија, висинофобија, социјална фобија и други фобични растројства 

  • Опсесивни (присилни) мисли, ритуали и делувања (компулсивни р-р)
  • Хипохондриски р-р 
  • Психосоматски р-р
  • Реакција на тагување и депресија
  • Биполарни р-р
  • Со стрес поврзани р-р
  • ПТСР - пост траума стресно р-р
  • Р-р на прилагодување
  • Р-р во исхраната
  • Р-р во сонот
  • Психотични р-р
  • Разни форми на р-р во личноста
  • Сексуални дисфункционалности

Психотерапијата исто така се применува при:

  • подготовка на пациенти за операција или друг вид хируршка интервенција;
  • подготовка и во тек на долготрајни терапии кај хронично болните лица,
  • подготовка на бремени жени за породување
  • подготовка при постапка на вештачко оплодување
  • подготовка на партнери за посвојување и др.

Психотерапијата е терапија на апсолутен избор при:

  • Криза и конфликти во партнерските и /или брачни односи,
  • Подготовка на партнери за брак
  • Подготовка за родителство и учење на родителски вештини
  • Работа со партнери пред, во тек и постразводно, со особен акцент на функционално родителство
  • Проблеми во учењето
  • Проблеми на професионално поле или потреба за поголем професионален успех,
  • Семејни потешкотии, кризи и проблеми
  • Други проблеми во интерперсоналните релации


Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА