Групна психотерапија

Печати PDF
Групната психотерапија им помага на индивидуите да го унапредат своето знаење, искуство и да стекнат вештини со кои поуспешно ќе се справуваат со проблематичните ситуации во животот. Во група лицата освен со терапевтот се сретнуваат со други индивидуи кои имаат идентична или слична цел. Групната психотерапија усмерена е на интеракција помеѓу членовите во групата, поради што е особено прикладна за оние кои имаат проблеми во: социјалните односи, врзани со интимноста, довербата, самодовербата и слично. Интеракциите во групата овозможуваат голем број на повратни информации до секој поединец и на тој начин му помагаат да се идентификува, да се споредува, да споделува и да почуствува дека не е сам со својот проблем и на крај да промени некои обрасци во своето однесување кон себе и кон другите, кој ќе му помогнат пофункционално да го надмине сопствениот проблем. Секој во групата зборува за себе колку самиот сака и може. Не се очекува индивидуата да зборува за своите интимни работи повеќе од она што самиот ќе определи да го соопшти на групата; иако се бенефитите од групната психоетарпиај поголеми доколку е спремноста за работа на себе и споделување со групата поинтензивна.

Групата најчесто се состанува еднаш неделно; брои најмалку 7-10 индивидуи; една сеанса трае околу 90 минути. Од членовите на групата се очекува да доаѓаат на средбите редовно, да бидат точни и активно да учествуваат во групниот процес.

Во што може да Ви помогне групната психотерапија:

 
  • подобро да се запознаете себе си
  • да ги спознаете своите рационални и емоционални реакции
  • да научите да зборувате за себе, да ги изразувате своите емоции и доживувања на конструктивен начин
  • да научите да споделувате
  • да развиете чуство на поврзаност со другите преку увид за универзалност на некои ваши потреби и желби
  • да им помогнете на другите и да дозволите тие вам да ви помогнат низ процес на споделувањата на вашите искуства
  • да ја зголемета својата самосвест и да се прифатите себе си
  • да ја зголемите самодовербата
  • да ја зголемите одговорноста за себе
  • да ги планирате своите промени и да се посветите на нивното постигнување
  • да научите поефикасни социјални вештини
  • да станете почувтствителен за потребите и чувствата на другите
  • да ги дефинирате сопствените способности и да научите да ги развивате или менувате
  • Да научите нови вештини за надминување на своите секојдневни и помалку секојдневни проблеми

 

Во Институтот се спроведува:
  • Групна системска психотерапија со индивидуи
  • Групна системска психотерапија со семејства
  • Групна системска психотерапија со партнери
  • Групна гешталт психотерапија

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА