Индивидуална психотерапија

Печати PDF

Индивидуалната психотерапија е психотерапевтски процес базиран на однос на еден психотерапевт и еден клиент. Во индивидуалната психотерапија терапевтот користи методи, техники и интервенции согласно психотерапевтската школа која ја има завршено. Целта на индивидуалната психотерапија е да му се помогне на клиентот да го надмине проблемот поради кој се јавил на психотерапија. При индивидуалната психотерапија процесот може да биде воден користејќи техники на психоедукација, советување, освестување на конфликтите, постигнување на увид, стекнување на сознание за сопствените копинг механизми, учење на нови вештини на комуницирање, преговарање и договарање, препознавање и контрола на емоциите, учење на нови обрасци на однесување и слично, со единствена цел постигнување на промена.

Термините за сеанси се договаарт со клиентот, еднаш неделно или на две недели. Една психотерапевтска сеанса временски трае 45-60 мин.

 

Во Институтот се работи :

- индивидуална гешталт психотерапија 

- индивидуална системска психотерапија

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА