Психотерапија со деца и децата во психотерапијата

Печати PDF

deca1Децата се нашето најголемо богатство, нашата радост и извир на среќа, но едновремено и наша обврска и грижа. Поради некои нивни вообичаени и помалку вообичаени палавости и други промени во однесувањето, тие стануваат извор на родителски стравови и недоумици. deca2Во раното дество чести се тешкотиите при одвојуње од родителите, при заспивањето, ноќните стравови, ноќното мокрење, потешкотии во говорот, неконтролирана раздвиженост. На возраст од 5-6 години кај децата можат да се јават, покрај наведените, и настапи на бес, тикови, присилни дејствија, стравови од одвојување од родителите, пред се од мајката, страв и паника при одење во градинка,deca3 а покасно во училииште, неможност да се вклопат во друштво на врсници, повлекување и осамување, училишен неуспех и покрај најмалку просечните интелектуални способности, можни психосоматски растројства, агресивни испади.  Сето ова ниту се невообичаени ниту ретки појави но секогаш ги преплашуваат, збунуваат и загрижуваат родителите. deca4Не е редок случај родителите, покрај најдобрата воља и желба, да неуспеат адекватно да се справат со оваквите состојби, не успеваат на адекватен начин да му помогнат на своето дете, така да состојбата наместо да се подобри се влошува и ескалира до за нив застрашувачки димензии. Често за ова придонесуваат различните воспитни ставови и пристапи на родителите, во и пред овие состојби; како и недоразбирањата, конфликтите и кризите во нивната партнерска и брачна дијада, сепарацијата и евентуалниот развод на партнерите, а кои негативно рефлектираат на нивните родителски улоги.

Водени од традиционалните верувања и митови за родителската улога, за која веруваат дека е моќна и сезнајна, како и дека освен нив никој друг неможе подобро да му помогне на нивното дете, родителите остануваат долго време заглавениво проблемите, пробуваат да ги решат на различни начини пред да побараат стручна помош, која им е така неопходна.

deca5Во решавањето на проблемите Институтот работи тим едуцирани професионални лица кои се специјализирани за работа со деца и детски проблеми, користејќи го во својата работа семејниот и системски психотерапевтски пристап, креативни техники со елементи на игра, цртеж и сл.

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА