Когнитивна и Бихевиор психотерапија

Печати PDF

КОГНИТИВНА ТЕРАПИЈАkg1

Со појавата на когнитивната терапија почнало да се осветлува значењето на свесните мисли и идеи и нагласување на значењето на здравиот разум како важен фактор во човековата борба со психолошките проблеми. Привлечноста на когнитивната терапија е истакнувањето на рационалната компонента на човековото битие. Целта на терапијата е да се менуваат погрешните премиси, да се исправат грешките и заклучоците и да се насочува човекот кон објективната реалност.

БЕКОВА КОГНИТИВНА ТЕРАПИЈА

 

kg2Бек смета дека самоинструкциите се одговорни за целокупното однесување. После декодирање на информацијата од надворешниот свет, процесот на донесување на ’’оутпут’’ одлука се сведува на самонасочување, односно на вербални пораки кои го насочуваат однесувањето. Ваквите пораки се нарекуваат автоматски мисли, а нивното откривање и корегирање се најважна задача во терапијата. Автоматските мисли од одредена содржина се поврзуваат во правила или претпоставки, повеќе слични претпоставки во когнитивен сет, а целата когнитивна организација во когнитивна шема. Ако когнитивната шема е заснована на низа на когнитивни дисторзии, тоа неизбежно води до психички потешкотии. Автоматските мисли се доживуваат како аксиоми, клиентот ги доживува како валидни , разумни и реални, без разлика колку се ирационални. Содржината на автоматските мисли се сведува на интерпретација на случувања, значење на случувања и очекувања какви последици, случувања и реакции ќе имаат за индивидуата, нејзиниот личен домен. Поимот личен домен се состои од самиот поединец во физичка смисла, концептот за себе си, карактеристиките на личноста, целите и вредностите, објектите и атрибутите на тие објекти кои имаат некаква вредност за личноста, во кои таа има свои лични инвестиции.

Неадекватните проценки се последица на когнитивните дисторзии, кои водат до емоционални потешкотии. Ваквите проценки се јавуваат во форма на идиосинкратични когнитивни содржини, кои се засновани на негативни автоматски мисли, дисфункционални претпоставки и ирационална когнитивна шема. Дисфункционалните верувања и правила со слична содржина се асоцираат со меморијата и на тој начин формираат когнитивна структура од повисок ред -когнитивна шема. Шемата поврзана со една или повеќе специфични ситуации се нарекува когнитивен сет, а општата шема когнитивен модус. Основата за јавување на дисфункционални претпоставки се наоѓа во логичките грешки-дисторзии 

  •  Персонализација: интерпретација на изразено субјективен и егоцентричен начин
  •  Поларизирано мислење: тенденција да се мисли во термини на се или ништо.
  •  Селективен извадок: од контекстот се извлекува само поединачен детал и врз негова основа се формираат генерализации.
  •  Претерана генерализација : еден или само мал број факти се земаат како доказ на кој се темели генерален заклучок за своето однесување, вредност, среќа.
  •  Арбитриран извод: создавање на заклучок за случување или искуство, иако навистина не постојат докази во прилог на заклучокот, или пак заклучоците се сосема спротивни на доказите.

Во однос на структурата когнитивната терапија се одвива во три чекори 

  •  Идентификација на негативни автоматски мисли и дисфункционални претпоставки 
  •  Модификација на негативни автоматски мисли и дисфункционални претпоставки 
  •  Бихевиорални експерименти и учење на ново однесување.

 

ПРИНЦИПИ И ТЕХНИКИ 

kg3Основни постулате се :

  •  Когнитивните (медијациските) процеси се основа за развивање на функционални и нефункционални форми на однесување и емоционални реакции.
  •  Когнитивните процеси можат да се предизвикаат и проучуваат во еккспериментална и терапевтска ситуација.
  •  Можно е да се влијае на когнитивните процеси и да се менува однесувањето и емоционалните реакции.

Во текот на терапијата напоредно се користат три вида на пристапи:

  •  Интелектуален пристап: идентификација на искривени концептуализации-когнитивни дисторзии, негативни автоматски мисли и дисфункционални претпоставки и развивање на нови адекватни и рационални форми на когниција.
  •  Искуствен пристап: соочување на клиентот со ситуации кои ќе доведат до промена на дисфункционалната когниција и ирационалното однесување. Се одбираат ситуации кои ќе ја подобрат сликата за себе, но и оние ситуации во кои клиентот црпи докази за своите негативни претпоставки за себе си , но со насоченост кон тестирање на алтернативни хипотези и прибирање на позитивни факти од таквите ситуации.
  •  Бихевиораллен пристап: учење на нови облици на однесување кои ќе доведат до промена на општиот поглед на себе си и светот.

БИХЕВИОРАЛНА ТЕРАПИЈА 

Бихевиоралната терапија ја нагласува важноста на мислењето во она што чувствуваме и како се однесуваме. Доколку доживуваме чувства кои не ги посакуваме или се однесуваме на начин кој не го сакаме, важно е да се идентификуваат мислите кои го предизвикуваат тоа однесување или тие чувства, да научиме како да ги замениме со мисли кои водат кон посакувани реакции. Основната претпоставка на бихевиораната терапија е е дека можно е да се менува однесувањето со помош на психолошки средства, тие промени се одвиваат низ процесс на учење. Терапијата подразбира специфичен програм за секоја сеанса, специфични техники и концепти кои се учат. Фокусирана е да помогне во остварување на цел која клиентот сам ја поставил. Бихевиоралната терапија е директивна, но сепак на клиентите не им се зборува што да прават, туку се учат како да прават . Улогата на терапевтот е да слуша, подучува, охрабрува, а на клиентот да зборува, учи и го применува наученото.

  •  Предмет и цел е пред се однесувањето кое може да се набљудува, менува и мери, но и интраорганизмичките и физиолошките реакции.
  •  Се инсистира на поврзаноста помеѓу добро утврдените закони на учење и практичната примена на тие закони во клиничката и терапевтската пракса.
  •  Пристапот е насочен кон издвоен-конкретен проблем, симптом во однесувањето или доживувањето на поединецот.
  •  На симптомите се гледа како на облици на однесување кои настанале во процесот на учење.
  •  Насочена е кон сегашноста, сегашните состојби и околности кои се поврзани со одредени случувања поради кои клиентот бара помош.
  •  Се нагласува значењето на методологијата, нејзино добро познавање, доследната примена и усовршувањето.
  •  Најчесто употребувани техники се: асертивен тренинг, аверзивна терапија, негативна пракса, системска десензитација, терапија со презаситување, преплавување, самоконтрола и др.

Системска десензитација е една од најчесто применуваните и истражуваните техники. Автор е Волпе. Наменета е за третман на фобии, пред се моносимптоматски. Техниката е експериментално утврдена и се состои од три компоненти.

  •  Увежбување на мускулна релаксација, усвојување на вештина за опуштање до ниво на проценка - длабока мускулна релаксација.
  •  Утврдување на хиерархија на ситуации кои предизвикуваат фобична анксиозност, поаѓајќи од оние кои се најмали предизвикувачи.
  •  Изложување на клиентот на анксиозни ситуации, физички или имагинативни, постепено поаѓајќи од оние кои клиентот ги проценува како најмалку вознемирувачки; до степен додека клиентот наместо со анксиозност научи да реагира со телесна опуштеност.

Главниот дел од терапијата се однесува на субјективната емоционална реакција на клиентот , а помалку на надворешното однесување. Промената на емоционалната реакција, ќ доведе до промена и во однесувањето, во реални ситуации.

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА