Психоанализа

Печати PDF

zig1Творецот на психоанализата е Сигмунд Фроjд.

Психоаналитичката терапија се обидува да допре до несвесното како извор на потешкотиите со кои клиентот се соочува. Со ослободување на потиснатите содржини се стекнува увид во мотивацијата и конфликтите кај клиентот.

Психоаналитичкиот терапевт го охрабрува клиентот слободно да зборува за себе си и својот живот, без опасност дека ќе биде осуден. Тој го поттикнува клиентот слободни да ги изкаже своите мисли; поставувајќи му прашања го расветлува и обединува тоа што ќе го каже клиентот; го конфронтира клиентот со неговото однесување (обично отпорот); ја толкува несвесната мотивација и нејзината поврзаност со животот на клиентот; го толкува влијанието на минатите случувања врз сегашноста; го толкува отпорот, укажувајќи како клиентот го избегнува проблемот; го толкува трансферот, укажувајќи на клиентот како старите конфликти влијаат на сегашните односи, вклучително и  со терапевтот; ги толкува соништата , барајќи мислење од клиентот за неговите сонови и нивната врска со сегашните проблеми; реконструира, проценувајќи што е тоа што во минатото може да допринесе за сегашните потешкотии.

Постојат некои фундаментални правила во психоанализата кои некои автори ги нарекуваат принципи, а други фази во развојниот психотерапевтски процес:zig2

·         Слободни асоцијации - Слободните асоцијации се најчесто водени од три вида на потсвесни снаги: 1-снагата на конфликтот кој довел до потешкотијата, 2-желбата да се биде подобар, 3- желбата да се задоволи терапевтот.

·         Отпор - се дефинира како спротивставување на клиентот на сопствената потреба за саморазбирање и спротивставување на терапевтот. Интензитетот на отпорот варира во зависност од оживувањето на искуствата кои го побудиле. Отпорт се јавува преку некој или некои од механизмите на одбрана. Отпорот може да биде свесен, подсвесен или несвесен. Неговата функција е дефанзивна - одбрамбена.                                                                                                                                                                                 

Отпорот се манифестира во вид на: молчење, телесни знаци, избегнувачки говор, избегнувачко однесување, одсуство или неадекватни чувства, одсуство на релација минато-сегашност (продолжено говорење само за минатото или само за сегашноста), одсуство на соништа, одсуство на промени, доцнење или изостанување на сеанси, ацтинг оут, ведри сеанси со изразено зголемено расположение, трансферни отпори-кои се врзани за избегнување на трансферните чувства.

·         Трансфер - претставува доживување на чувства, фантазии, ставови импулси, одбрани кон личност во сегашноста, поттикнато од доживеани искуства со значајни личности во минатото. Трансферот е израз на оживување на минатото во сегашноста. Трансферот е движечка сила во психоанализата и е извор на најголеми препреки. Според Фројд постои позитивен трансфер (го чинат емоционални реакции во кои доминира љубов и нејзини разграноци)  и негативен трансфер  ( во кој доминира омраза и нејзини разграноци)

 

·         Контратрансфер - претставува  силен емоционален однос  терапевт-клиент кој се развива во терапевтскиот процес. Според новото гледиште контратрансферот претставува целосна терапевтска емоционална реакција кон клиентот, која преставува континум на афективни одговори од благи, реалистични до интензивни емоционални реакции кои можат да интерферираат со терапевтската неутралност. Што се подлабоки регресивните состојби, толку се поголеми предизвиците за терапевтот во однос на неговата неутралност и емпатичност. Овој процес претставува искушение и предизвик.

 

·         Работен сојуз - Клиентот треба да го прифати терапевтот како компетентен соговорник, во кој има доверба, но треба да го прифати и  понудениот начин на работа како пат кон решавање на своите потешкотии и постигнување на подобро разбирање на себе си.zig3

Работниот сојуз, трансферниот и реалниот однос се разликуваат но и се преплетуваат и повремено еден од нив доминира. Работниот сојуз се јавува при крајот на воведната фаза и трае до завршетокот на терапијата, со тоа што повремено слабее во зависност од трансферните реакции. Трансферот се развива од почетокот, а доминира при крајот. Благодарение на работниот сојуз клиентот учи да ги разликува трансферните реакции од реалниот однос.

Психоаналитичката психотерапија се одвива како:

1.      Индивидуална психоаналитичка психотерапија.

2.      Кратка динамска психотерапија

3.      Групна аналитичка психотерапија

4.      Аналитичка психодрама

 

1.5.5.      Psihoanaliza

Tvorecot na psihoanalizata e Sigmund Froyd.

Psihoanaliti~kata terapija se obiduva da dopre do nesvesnoto kako izvor na pote{kotiite so koi klientot se soo~uva. So osloboduvawe na potisnatite sodr`ini se steknuva uvid vo motivacijata i konfliktite kaj klientot.

Psihoanaliti~kiot terapevt go ohrabruva klientot slobodno da zboruva za sebe si i svojot `ivot, bez opasnost deka }e bide osuden. Toj go pottiknuva klientot slobodni da gi izka`e svoite misli; postavuvaj}i mu pra{awa go rasvetluva i obedinuva toa {to }e go ka`e klientot; go konfrontira klientot so negovoto odnesuvawe (obi~no otporot); ja tolkuva nesvesnata motivacija i nejzinata povrzanost so `ivotot na klientot; go tolkuva vlijanieto na minatite slu~uvawa vrz sega{nosta; go tolkuva otporot, uka`uvaj}i kako klientot go izbegnuva problemot; go tolkuva transferot, uka`uvaj}i na klientot kako starite konflikti vlijaat na sega{nite odnosi, vklu~itelno i  so terapevtot; gi tolkuva soni{tata , baraj}i mislewe od klientot za negovite sonovi i nivnata vrska so sega{nite problemi; rekonstruira, procenuvaj}i {to e toa {to vo minatoto mo`e da doprinese za sega{nite pote{kotii.

Postojat nekoi fundamentalni pravila vo psihoanalizata koi nekoi avtori gi narekuvaat principi, a drugi fazi vo razvojniot psihoterapevtski proces:

·         Slobodni asocijacii- Slobodnite asocijacii se naj~esto vodeni od tri vida na potsvesni snagi: 1-snagata na konfliktot koj dovel do pote{kotijata, 2-`elbata da se bide podobar, 3- `elbata da se zadovoli terapevtot.

·         Otpor- se definira kako sprotivstavuvawe na klientot na sopstvenata potreba za samorazbirawe i sprotivstavuvawe na terapevtot. Intenzitetot na otporot varira vo zavisnost od o`ivuvaweto na iskustvata koi go pobudile. Otport se javuva preku nekoj ili nekoi od mehanizmite na odbrana. Otporot mo`e da bide svesen, podsvesen ili nesvesen. Negovata funkcija e defanzivna- odbrambena.                                                                                                                                                                                 

Otporot se manifestira vo vid na: mol~ewe, telesni znaci, izbegnuva~ki govor, izbegnuva~ko odnesuvawe, odsustvo ili neadekvatni ~uvstva, odsustvo na relacija minato-sega{nost (prodol`eno govorewe samo za minatoto ili samo za sega{nosta), odsustvo na soni{ta, odsustvo na promeni, docnewe ili izostanuvawe na seansi, acting out, vedri seansi so izrazeno zgolemeno raspolo`enie, transferni otpori-koi se vrzani za izbegnuvawe na transfernite ~uvstva.

·         Transfer- pretstavuva do`ivuvawe na ~uvstva, fantazii, stavovi impulsi, odbrani kon li~nost vo sega{nosta, pottiknato od do`iveani iskustva so zna~ajni li~nosti vo minatoto. Transferot e izraz na o`ivuvawe na minatoto vo sega{nosta. Transferot e dvi`e~ka sila vo psihoanalizata i e izvor na najgolemi prepreki. Spored Frojd postoi pozitiven transfer (go ~inat emocionalni reakcii vo koi dominira qubov i nejzini razgranoci)  i negativen transfer  ( vo koj dominira omraza i nejzini razgranoci)

 

·         Kontratransfer - pretstavuva  silen emocionalen odnos  terapevt-klient koj se razviva vo terapevtskiot proces. Spored novoto gledi{te kontratransferot pretstavuva celosna terapevtska emocionalna reakcija kon klientot, koja prestavuva kontinum na afektivni odgovori od blagi, realisti~ni do intenzivni emocionalni reakcii koi mo`at da interferiraat so terapevtskata neutralnost. [to se podlaboki regresivnite sostojbi, tolku se pogolemi predizvicite za terapevtot vo odnos na negovata neutralnost i empati~nost. Ovoj proces pretstavuva isku{enie i predizvik.

 

·         Raboten sojuz - Klientot treba da go prifati terapevtot kako kompetenten sogovornik, vo koj ima doverba, no treba da go prifati i  ponudeniot na~in na rabota kako pat kon re{avawe na svoite pote{kotii i postignuvawe na podobro razbirawe na sebe si.

Rabotniot sojuz, transferniot i realniot odnos se razlikuvaat no i se prepletuvaat i povremeno eden od niv dominira. Rabotniot sojuz se javuva pri krajot na vovednata faza i trae do zavr{etokot na terapijata, so toa {to povremeno slabee vo zavisnost od transfernite reakcii. Transferot se razviva od po~etokot, a dominira pri krajot. Blagodarenie na rabotniot sojuz klientot u~i da gi razlikuva transfernite reakcii od realniot odnos.

Psihoanaliti~kata psihoterapija se odviva kako:

1.      Individualna psihoanaliti~ka psihoterapija.

2.      Kratka dinamska psihoterapija

3.      Grupna analiti~ka psihoterapija

4.      Analiti~ka psihodrama

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА