Семејна и системска психотерапија

Печати PDF

seme1

Семејната психотерапија е психосоцијална интервенција насочена кон семејството како целина, со психотерапевтски методи на лекување фокусирани на промена на на семејните односи и начиот на семејното функционирање.  За разлика од останатите психотерапевтски школи и правци, семејната психотерапија како единица за изучување, дијагноза и третман го зима целото семејство, согледувајќи го како жив систем во промена, фокусирајќи се на интерперсоналните процеси, т.е. на релациите помеѓу луѓето, во контекстот на нивното живеење. На тој начин се разрешуваат психолошките и психијатриски проблеми во семејството и  се постигнува подобар квалитет на индивидуалното и семејно живеење. Освен тоа, семејната и системска психотерапија е оригинална по разбирањето на  каузалноста на настанувањето на проблемите и тешкотиите во индивидуалното и семејно живеење. Наместо линеарната (причинско-последична), овој пристап го нуди циркуларниот модел на каузалност, според кој последицата е едновремено приична која станува последица. На тој начин, проблемите добиваат релациска димензија во која одговорноста за состојбите е взаемно споделена меѓу учесниците во интеракцијата.


seme2Според својата структура семејната и системска психотерапија се ориентирани на “сега и овде”, но едновремено  го почитува влијанието на  минатите, за семејството историски настани и ја планира иднината. Таа е едновремено и контекстуална психотерапија, придавајќи му особен значај на контекстот во кој се одвиваат настаните и проблемите.

Во семејната и системска психотерапија се користат специфични техники и интервенции меѓу кои се најчести: придружување, преурамување, позитивна конотација, одигрување, преструктурирање, креација на трансакција, придружување на трансакцијата како и реструктурирање на трансакцијата парадокс и контрапарадокс, користење на ритуали, метафори, хумор, поговорки, народни мудрости, наративни техники, домашни задачи, семејната психоедукација, вклучување на пошироките семејни системи и други значајни личности и др. Една од оригиналните техники е мапирањеето и интерпретацијата на генограмот (семејното стебло) и неговата примена во дијагностички, терапевтски и истражувачки цели. Сепак за најоригинална техника се смета користењето на селфот (себството) на терапевтот во психотерапијата низ рефлексивните и саморефлексивните процеси.

Основната алатка во водењето на семејната и системска психотерапија е хипотезирањето, т.е. поставување и тестирање на хипотези за функцијата на симптомот во семејниот систем, со што на индивидуалниот проблем му се дава системско значење и се отвараат можности за терапевтска интервенција.

Сеансите во семејната и системска психотерапија се специфични по својата структура и водење (пред сеанса, сеанса и пост сеанса),  по својата организација и содржина, како и по користењето на терапевтскиот тим во форма на котерапевти и рефлексивен тим.

Според целите во лекувањето, семејната психотерапија се дели на насочена кон решавање на проблемот  психотерапија (структурална, стратешка, бихевиорална, психоедукативна) и насочени кон раст и развиток на семејниот систем (психодинамска, трансгенерациска, искуствено-симболичка).

Цел на секоја психотерапија е промена, т.е менување на состојбата/ проблемот поради која индвидуата или семејството се јавиле на терапија. Иако е централна задача на семејните психотерапевти насочена на елиминирање на симптомот, тие едновремено ги антиципираат и последиците од таквата промена врз семејниот систем. Имено, ако терапијата се фокусира само на промени кај личноста која го носи проблемот, а не и на семејниот контекст, се случува промената да биде кусотрајна,  да се повтори кај истиот, или да предизвика појава на нов симптом кај друг семеен член. Тоа е тн. ‘промена од прв ред ‘, т.е. “изоморфна” промена..  За промена од втор ред се смета онаа кај која освен престанок на симптомот кај личноста доаѓа до промена и на дисфункционалните семејни обрасци, со што семејството станува “отворено” за нови можности и промени. Промените од втор ред се сметаат за суштествени, трајни и вистински успех во терапијата.

За разлика од другите психотерапевтски школи и правци во семејната и системска психотерапија увидот не е услов за промена, бидејќи искуствата покажале дека промената не се јавува иако е увидот присутен, како и дека е промената можна и без предходен увид, кој всушност ја следи промената.seme3

Семејните психотерапевти се препознатливи по својата автентичност, флексибилност во пристапот, креативност во интервенциите, високата сензитивност за семејните специфики и разлики,  афирмативниот став и креирањето на мултиперспективни можности, како и базираноста на интервенциите на семејните снаги и резилиенци.

Денес е семејната и системска психотерапија широко применувана и практично нема ограничувања за нејзинапримена во третман на различни проблеми, состојби и растројства кај индивидуите, партнерите и семејните системи.  Предуслов за семејната психотерапија се просечни интелектуални капацитети на клиентите, заради неопходноста од разбирањето на процесите и интервенциите во текот на работата. Семејната терапија треба особено внимателно да се води со тн. “параноидни системи” поради опасноста од вовлекување на семејниот терапевт во параноидниот систем.

Особено ефикасна е нејзината примена во третман на:

  • Зависност од психоактивни супстанциseme4
  • Психосоматски растројства
  • Насилство во семејниот систем
  • Развојни проблеми на деца и млади
  • Проблеми во однесувањето на децата и адолесцентите
  • Проблеми во воспитувањето
  • Партнерски и брачни проблеми и др.

Поради својата системска ориентација, таа е денес широко применувана во работа со сите живи системи, како што се работни организации,  спортски друштва, локални заедници и др.

Во Институтот се спроведува

  • Семејна психотерапија системски ориентирана

Во Институтот работи тим стручни лица единствени во државата едуцирани од областа на семејна и системска психотерапија.

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА