Што е психотерапија

Печати PDF

psiho1Психотерапијата е сложен, стручно воден процес со примена на научно дефинирани и докажани методи базирани на односот психотерапевт - клиент. Се применува во работа со личности кои имаат психички и емоционални проблеми или кои сакаат да ги развиваат и реализираат своите потенцијали.

Често велиме дека е психотерапијата премногу добра и лековита метода за да нејзината примена се ограничи само на бте. Како резултат на навремено спроведени психотерапевтски интервенции ментално здравите индивидуи често стануваат посреќни, позадоволни, поспособни за блискост, разбирање, љубов, сексуално функционирање, поуспешни во своите животни улоги и во професионалната кариера. Едноставно, со помош на психотерапијата и психоедукацијата тие научуваат да живеат поквалитетно и да бидат поуспешни во остварувањето на своите животни улоги (партнерски, брачни, родителски, семејни, професионални и др.), а при тоа да ја сочуваат својата психичка стабилност и ментална функционалност.

Психотерапевтските интервенции се применуваат и во постигнување на повисок степен на личен раст и развој, за постигнување на свесност за себе, за своите потреби, чуства, мисли, за разрешување на интрапсихичките и интерперсоналните конфликти, за постигнување на автентичност во севкупното лично однесување, а со тоа и поголема функционалност на индивидуален, семеен, професионален и социјален план.

Иако постојат различни психотерапевтски правци, техники и техники, заедничка цел им е да го ослободат клиентот од проблемите и да му помогнат да пронајде пофункционални начини за справување со истите, како и да овозможат зголемување на самодовербата и независноста во живеењето. psiho2

Психотерапијата се темели на комуникација помеѓу терапевтот и клиентот, при што клиентот добива можност да зборува за своите потешкотии и проблеми, чувства и стравови, мислења и ставови, во безбедна атмосфера на разбирање, прифаќање, топлина и поддршка, а без да биде осудуван, етикетиран и обезвреден. Всушност, најзначаен фактор во психотерапевтскиот процес е ОДНОСОТ на взаемна почит, доверба и позитивни очекувања кои се развиваат помеѓу психотерапевтот и клиентот. Терапевтот креира атмосфера на сигурност, го води, насочува, едуцира клиентот, ги разбира неговите слабости, но е во потрага по неговите снаги и резилиенци кои ги подржува и појачува, за да го поттикне клиентот да вложи сопствен напор за да ја оствари посакуваната промена.

psiho4

Тоа што клиентот го соопштува во тек на психотерапевтската сеанса е ДОВЕРЛИВА ИНФОРМАЦИЈА и претставува ПРОФЕСИОНАЛНА ТАЈНА. Без дозвола на клиентот никаква информација не смее да се соопшти на било кој друг (родител, партнер, колега и др.), освен во исклучителни случаи на животна загрозеност на клиентот или друг од неговото опкружување.

Чувањето на податоците и информациите за и од клиентот е професионална, етичка и законска обврска на секој психотерапевт.

psiho3

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА