Времетраење на психотерапијата

Печати PDF

vr1Една индивидуална сеанса Индивидуалната психотерапевтска сеанса трае просечно 45-60 мин, до најмногу 90 мин. во исклучителни случаи. случаи. Една групна сеанса Групните психотерапевтски средби се организираат со групи на индивидуи, парови или семејни системи и се одвиваат според утврден протокол, согласно применуваната психотерапевтска школа и правец. Групните психотерапевтски сеанси во просек траат 90-120 мин. Времетраење на целокупната психотерапија Должината на психотерапијата зависи од видот на презентираниот проблем, мотивираноста на клиентите и нивните семејни системи, како и психотерапевтската ориентација на професионалното лице. vr2Оттука, психотерапијата може да започне и заврши на само една сеанса или да трае подолг временски период од неколку месеци или години, особено доколку станува збор за посложени и подолготрајни проблеми, индивидуални, партнерски или семејни. Вообичаено, на почетокот од психотерапијата сеансите се закажуваат почесто, еднаш на 7-10 дена, а покасно на 15-21 ден. vr3Вкупниот број на психотерапевтски сеанси во просек изнесува 10-20, а доколку се укаже потреба психотерапијата продолжува со взаемна согласност на клиентот и психотерапевтот.

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА