За Институт за брак, семејство и системска пракса - АЛТЕРНАТИВА

Печати PDF

Институтот за брак, семејство и системска пракса - АЛТЕРНАТИВА започна со работа во 2009 год. по повеќегодишно планирање и истрајно делување на група посветени професионални лица на полето на семејната психотерапија и

систslavicaемската мисла и пракса.

Оснивачи на Институтот АЛТЕРНАТИВА се реномирани, едуцирани, искусни професионални лица посветени едновремено на заштитата и унапредувањето на менталното здравје во Македонија, како и на развивањето на едукативни и психоедукативни активности, интегративно осмислувајќи го својот пристап базиран на семејната психотерапија и системската пракса:

  • Прим д-р Славица Гајдаѕис-Кнежевиќ, невропсихијатар, субспецијалист по болести на зависност, (ECP) Европски сертифициран-семеен и системски психотерапевт, директор на Институтот и менаџер на Школата за семејна и системска психотерапија, мастер тренер и супервизор
  • Д-р Иоаннис Гкаитатзис, психијатар, работи на полето на детската и адолесцентна психијатрија, семеен и системски психотерапевт
  • natkaНатка Пачоска, клинички психолог, (ECP) Европски сертифициран-гешталт, семеен и системски психотерапевт, тренер, стручен директор на Институтот, водител на психодијагностичките, едукативните и психоедукативните програми

Институтот АЛТЕРНАТИВА е покровител на ШКОЛАТА ЗА СЕМЕЈНА И СИСТЕМСКА ПСИХОТЕРАПИЈА, прва и единствена во Македонија, акредитирана и членка на Комората на Тренинг Институти при Европската Асоцијација за Семејна Терапија (ЕФТА-ТИЦ) од 2009 год.

Едукативниот тим го сочинуваат врвни едукатори/тренери со долгогодишно искуство во семејната и системска психотерапија и во едукативните програми на различно профилирани професионални лица во Македонија и пошироко:

  • Прим д-р Славица Гајдаѕис-Кнежевиќ, невропсихијатар, (ECP) Европски сертифициран-семеен и системски психотерапевт, менаџер на школата, мастер тренер и супервизор
  • Проф д-р Марија Ралева, др.сци, невропсихијатар, субспец. по детска и адолесцентна психијатрија, семеен и системски психотерапевт, мастер тренер и супервизор
  • Проф. Диана Белевска, др.сци., клинички психолог, семеен и системски психотерапевт, мастер тренер и супервизор.
  • Натка Пачоска, клинички психолог, (ECP) Европски сертифициран-гешталт, семеен и системски психотерапет, тренер.
  • Вида Гаврилоска, психолог, семеен и системски психотерапевт, тренер.

Почесен член на едукативниот одбор на Школата за семејна и системска психотерапија е

  • Доц д-р Невена Чаловска Херцог, др.сци., невропсихијатар, семеен и системски психотерапевт, престедател на Асоцијацијата за системски терапевти и водител на едукативните програми за семејна и системска психотерапија во Србија, основоположник на едукацијата од семејна и системска психотерапија во Македонија, , долгогодишен секретар на Комората на Тренинг институти при ЕФТА (ЕФТА-ТИЦ) и актуелен Генерален секретар на Европската Асоцијација за семејна Терапија (ЕФТА).

Институтот овозможува професионално ангажирање на различно профилирани професионални лица кои тимски организирани се фокусираат на решавање на различни проблеми на клиентите. Во Институтот, низ психодијагностиката, психотерапијата, советувањето, едукацијата и психоедукацијата се овозможува разрешување на проблемите на индивидуален, семеен, професионален и социјален план и професионално водење на процесот на индивидуален, партнерски и/или семеен раст и развиток.

Професионалните лица во Институтот постојано учат, растат и се развиваат, креирајќи едукативни програми за различно профилирани професионални лица и психоедукативни програми за различни целни групи граѓани.

Едукативните програми имаат за цел на професионалните лица од областа на хуманите науки да им овозможат професионален раст и развиток преку стекнување на знаења и вештини во психодијагностиката и психотерапијата.

Психоедукативните програми креираат можност заинтересираните граѓани да стекнат знаења и вештини во врска со различни теми, проблеми и дилеми од секојдневието. Тие се организирани тематски и во својот пристап се делат на програми кои се фокусирани на функционално разрешување на одредени проблеми и програми кои се ориентирани на учење на вештини за пооптимален раст и развиток. Нивната високата сензитивност е видлива низ креирање на специфични психоедукативни програми во врска со возраста (деца, адолесценти, родители, стари лица); полот (женско-машки прашања); партнерските и/или брачни теми, родителските дилеми, семејните односи во примарното и/или проширеното семејство, како и програми насочени на професионален избор, раст и развиток; градење на успешна професионална кариера, учење на вештини на комуникација, преговарање и договарање, разрешување на кофликти и проблеми и тн.

Сензитивноста е еднакво присутна и кај психоедукативните програми кои третираат одредени проблеми, како што се различните психолошки и психијатриски растројства (стравови, фобии, опсесивно-компулсивни растројства, панични растројства, депресивни растројства, психотични растројства, злоупотреба и зависност од алкохол, дроги и други психоактивни супстанци, растројства во изхраната, психосоматски растројства, растројства во поведението, насилство и др.).

Заедно со клиентите креираме алтернативни можности, високо индивидуално сензитивни и кон функционални решенија ориентирани.

Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Dutch English French German Greek Hungarian Italian Romanian Russian Serbian Slovak Slovenian Spanish Turkish Ukrainian
DR. MONY ELCAIM 10 Септември 2012, 16.50
DR. MONY ELCAIM
EDITH GOLDBETER MERINFELD, 08 Септември 2012, 13.22
EDITH GOLDBETER MERINFELD,
Kyriaki Polychroni 08 Септември 2012, 12.46
 Kyriaki Polychroni
Известување 17 Април 2012, 13.00
Известување
Почитувани, Со особена чест  и задоволство ве информираме дека Институтот за брак, семејство и
ИНФОРМАЦИЈА 06 Април 2012, 16.38
ИНФОРМАЦИЈА